Се изнајмува за една група на ден

АТВ тура од Нежилово до Чеплес

Veles

АТВ тура на Јакупица. Турата можете да ја резервирате со испраќање на барање за резервација. Селектирајте го датумот кога сакате да се организира турата и очекувајте одговор во текот на денот со вкупна цена по која можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.

За атракцијата

Денеска ве водиме на падините на Јакупица, односно во село Нежилово, каде покрај рибниот ресторан кој е главна атракција овде, отсега можете да резервирате и АТВ тура која ве носи до планинарскиот дом Чеплес, кој се наоѓа на 1435 метри надморска височина.

Групата може да биде до максимум 6 лица на 3 атв возила, а со вас доаѓа и водич кој ви ја организира целата авантура.

Турата е во времетраење од 2 часа.

Домот се наоѓа во шума од бисоки букови дрва, што ја прави ова тура идеална за уживање. За оние кои ќе ја резервираат ова тура ќе имаат можност да уживаат во прекрасниот планински амбиент и поглед кон врвовите на Јакупица.

Со вас доаѓа обучен водич кој ве води до домот и назад.

Како заштитна опрема добивате кацига од клубот.

Вие може да си понесете лесна спортска облека, пожелно е со долги ногавици, пролетно палто, маичка по кратки ракави.

Цена и услови

Вклучено во цена:

  • Цена за наем на еден мотор е 3000 денари (на еден мотор може да се возат 2 лица)
  • Цената е иста и за едно и две лица на еден мотор
  • Професионален водич
  • Претходна кратка обука
  • Заштитна опрема (Кацига)

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до локацијата
  • Храна

Локација

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Рецензии

Ако сте биле тука, споделете го вашето искуство со другите патници.

B Stanceski 18.07.2025 07:02
Неверифициран

Dali mora da rezervirame cela grupa ili moze da rezerviram edno ATV za 2ca pa vie si formirate grupa?

Разгледајте повеќе атракции

Види ги сите

Истражете дестинации

од3.000 ден