Креативни работилници со kajak.mk

Region Makedonija

Внесете боја и инспирација во вашата есен со нашите креативни работилници за деца, возрасни и семејства. Можете да изберете една активност или да комбинирате повеќе: цртање на керамички садови, декорација на тикви, изработка на есенски декорации и букети од суво цвеќе, украси од епоксидна смола, кулинарски класи, правење ароматични свеќи и мали градини во тегла. Овие работилници се идеални за развивање на креативноста, уживање во есенската магија и создавање убави спомени.

За атракцијата

Нашите есенски креативни работилници се совршена прилика да ја откриете својата креативност, да уживате во природата и да создадете уникатни предмети и спомени. Настанот е наменет за деца, возрасни и цело семејство, компании, а секоја активност е внимателно избрана за да ги стимулира сетилата и имагинацијата.

Секој учесник може да избере една работилница која го интересира, или да направи комбинација од повеќе активности за целосно есенско искуство. Во рамките на работилниците ќе имате можност да:

  • Цртате на керамички садови со есенска тематика – украсување на чинии, чаши или саксии со мотиви како лисја, плодови и есенски пејсажи.

  • Декорирате тикви – користејќи боички, ткаенини и природни материјали, создавајќи уникатни есенски украси.

  • Создавате есенски декорации – венци, централни украси и украси за домот со лисја, борови иглички и други природни материјали.

  • Изработувате букети од суво цвеќе – аранжмани кои го доловуваат духот на есента и се прекрасен украс за секој простор.

  • Креирате украси од епоксидна смола – мали предмети како приврзоци, подметачи или декоративни украси со есенски мотиви.

  • Учествувате во есенски кулинарски работилници – готвење и декорација на десерти и специјалитети како тиквички колачи, пита со јаболка и печени ореви.

  • Правите свеќи со ароми на есента – цимет, портокал, ванила и други мириси кои го создаваат топлиот есенски амбиент.

  • Создавате мала градина во тегла – засадување на есенски цвеќиња или билки во мали саксии, идеални за внесување свежина и боја во вашиот дом.

Придружете ни се и изберете активност која ви се допаѓа или комбинирајте повеќе за целосно есенско искуство кое ќе ве инспирира и опушти.

Цена и услови

Вклучено во цена:

  • Учествo во една или повеќе работилници по избор (цртање на керамички садови, декорација на тикви, изработка на есенски декорации и букети од суво цвеќе, украси од епоксидна смола, кулинарски класи, правење ароматични свеќи, мала градина во тегла).
  • Сите потребни материјали за активностите.
  • Стручни водичи и помош за секоја работилница.
  • Пријатна и инспиративна атмосфера за учење и создавање.

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до локацијата (може да биде обезбеден)
  • Храна и пијалаци (освен ако не е дел од cooking class)

Рецензии

Ако сте биле тука, споделете го вашето искуство со другите патници.

Сè уште нема рецензии. Бидете први.

Разгледајте повеќе атракции

Види ги сите

Истражете дестинации

Цена на барање