Вечерни онлајн јога работилници за физичко и ментално здравје
Ослободете се од стресот со вечерни онлајн јога работилници. Лесни вежби, дишење и релаксација за спокоен ум, баланс во телото и квалитетен сон. Водител: Билјана Пешева.
За атракцијата
Краток опис:
Ослободете се од стресот и напнатоста од денот со вечерни онлајн јога работилници. Во текот на еден час, преку лесни хата јога вежби, техники на дишење и релаксација, се смирува умот, се враќа балансот во телото и се подготвувате за квалитетен одмор и спокоен сон. Часовите ги води Билјана, јога инструктор и терапевт во семејни констелации, со над 25 години искуство во личен развој, ментално здравје и холистички практики.
Времетраење и термин:
- Секој вторник и четврток
- 19:30 – 20:30 часот
- Почеток: 2 април
Начин на учество:
- Онлајн преку Zoom
- По регистрација, учесниците добиваат линк и инструкции за пристап
- Сите сесии се снимаат и се достапни за повторно гледање
Цена и услови
Вклучено во цена:
- Цена по лице од 1200 денари (за месечни сесии)
- По испратеното барање добивате линк за регистрација и уплата
Рецензии
Сè уште нема рецензии. Бидете први.