Вкупно 4259 искуства од патници и гости

Во однос на хигиена и чистота ОК, дневен простор сосема ОК. Домаќинот живее во објектот и згора на се тој го ложи оганот т.е каминот со дрва, со тоа ја нарушува приватноста и комодитетот.

23.11.2026 11:24

Прекрасно место, со преубава природа. Храната и погледот на езеротот беа беспрекорни! Домаќините и повеќе од љубезни. Го препорачувам!

21.11.2026 22:32

Ептен убаво место, мир, тишина и преубава природа. Сместувањето е прекрасно, средено со вкус, топло и пријатно, со преубав поглед. Баш место за одмор на душа и бегање од секојдневницата. Ни беше преубаво, за секоја препорака и сигурно пак би дошле! ❤️

18.11.2026 00:22

Прекрасно искуство! 🥰 Сместувањето беше одлично, куќарката уредна, чиста и многу пријатна. Мирна околина, прекрасна атмосфера и идеално место за одмор и уживање. Домаќините беа љубезни и гостопримливи. Сè беше на високо ниво и со задоволство би се вратиле повторно. Топла препорака за секој што сака вистински одмор! ❤️

16.11.2026 18:39

Многу убаво си поминавме!! Целосна тишина, само звукот на реката преовладуваше. Беше вистински одмор во природа. Самата вила е опремена со се што би ви требало нема ништо што фалеше. И хигиената беше на високо ниво. Повторно ќе дојдеме наскоро!

15.11.2026 13:10

Прекрасно место, неверојатна природа и врвна удобност! Сè беше на врвно ниво од амбиентот, па сѐ до вечерните мигови покрај огништето. Препорачувам од срце на секој што сака квалитетен одмор!

15.11.2026 10:34

Прекрасен ресторан во срцето на Берово! ❤️ Прекрасен амбиент, топла атмосфера, вкусна храна и услуга за секоја пофалба. Посебна благодарност до прекрасните сопственици, кои со својата љубезност, насмевка и искрена топлина оставаат посебен впечаток. Луѓе кои знаат како да ги пречекаат и испратат своите гости со насмевка. Се гледа дека во ова место е вложено многу љубов, внимание и душа. Уживање за сите сетила и место на кое со задоволство повторно би се вратила! Од срце препорачувам! ❤️

10.11.2026 07:52