Вкупно 4259 искуства од патници и гости

Прекрасен престој и топла атмосфера! ⭐⭐⭐⭐⭐ Си поминавме навистина супер и сме презадоволни од изборот на оваа вила. Иако годинава времето нè изненади со снег и ниски температури за 1-ви Мај, тоа воопшто не ни го расипа расположението. Зошто би ја препорачале: Одлично греење: Вилата имаше парно на дрва кое работеше беспрекорно. Беше топло и пријатно во секој агол, што ни овозможи максимално уживање и покрај снегот надвор. Опременост: Во куќата имаше буквално сè што е потребно за удобен престој. Домаќините се погрижиле за секој детаљ. Амбиент: Комбинацијата од зимска идила надвор и топлина внатре направи овој празник да ни биде незаборавен. Сè беше на врвно ниво и дефинитивно би се вратиле повторно. Чиста десетка!

03.05.2026 12:45

Најдоброто искуство со изнајмување на вила до сега. Преубава вила со преубав дврор. Огромен избор на активности и внатре и надвор. Базен, кош, лулашки, билјард, пикадо, PS4, два телевизори, голем bluetooth звучник. Целосно опремена кујна, двa фрижидери. Сопственикот фин, културен, достапен за прашања и помош. Цената е одлична особено за све што добиваш. Сигурно пак би ја изнајмиле за некоја прослава.

03.05.2026 10:48

Александар Крстески Вила на Пониква

Супер искуство. Куќата е чиста и топла. Има доволно простор за 3 фамилии. Убав двор со место да седење и скара. Поминавме убав викенд во Вила Тренчеви. Топли препораки за сите идни клиенти.

03.05.2026 09:56

Дрвена планинска куќичка на Пониква: Со поглед од милион долари.... Баш така. Совршено.Сопственичката услужлива и со прецизни насоки за сè. Вилата иста како на сликите, внатре опремена комотно и со сите потребштини,од кеси,средства за хигиена, зачини па дури и нешто суви намирници....Навистина великодушно. Ние бевме две фамилии,на 01-03 .05.2026 , како што рече сопственичката ги дочекавме сите годишни времиња во еден ден, на крај од вториот ден ни заврна и снег 😀😀😀. Ги видовме и сите бои на небото при зајдисонце и изгрејсонце. Дефинитивно би се вратиле овде,немав време да си ја дочитам книгата на тараса ,ете тоа ми остана да го доживеам следен пат....Читање во мир ,тишина и со поглед од милион долари.

03.05.2026 06:39

Објектот е далеку од тоа што се претставува. Надворешната фурна не беше во функција туку натрупана со дрва и прашина. Делот каде што би подготвувал храна е напуштена гостилница, неуреден, со за’рѓана скара и фрижидери кои многу малку ладат. Фиоките каде што е сместен приборот за јадење беа екстремно валкани со снопчиња коса и еден тон прашина. Даските кои порано биле користени за сервирање беа со пајажина дел а другиот дел мувлосани. Дел од масите беа оштетени. Тоалетот во самата гостилница беше дисфункционален со вирче на сред. Едино нешто во ред што би издвоила е греењето што беше функционално (печка со дрва) и собите за спиење што беа пристојни (веројатно затоа и само тие се сликани). Се надевам дека домаќините ќе ги сфатат сериозно рецензииве како критика за подобрување, бидејќи навистина треба и тоа огромно подобрување.

02.05.2026 17:03