Вкупно 4259 искуства од патници и гости

Резервацијата преку кајак беше одлична.Вилата си беше супер ,само треба да се поработи на дневниот ред за боравак,зошто луѓеро немаат осет и по цел ден до 01:00 навечер имаше галама од гости ,таканшто беше тешко за одмор.Вилата е одлична ,добра комуникација со сопствениците.

11.01.2026 16:38

Прекрасно место за одмор! Патот до куќата е целосно асфалтиран и истиот беше исчистен од снег. Локацијата на куќата е одлична, околу борова шума. Куќата беше чиста, средена и опремена со сѐ што е потребно. Домаќините беа љубезни и достапни за што и да треба.

11.01.2026 14:33

Одлично си поминавме! Апартманите се многу чисти и температурата низ целата вила е идеална поготово во зимскиот период. Исто така имате се што ви е потребно од опрема во кујната односно заедничкиот простор. Дефинитивно би престојувале повторно!

11.01.2026 11:55

Топло и многу пријатно дрвено куќиче. Убаво уредено, опремена кујна, клима на двата спрата, простор колку сакаш и чист воздух со поглед кон природата. Дефинитивно е место каде што би се вратиле пак❤️.

11.01.2026 03:33

Марко Јанчев Апартмани во Маврово

Смештајот беше одличен, мене многу ми се допадна. Беше убаво и чисто со многу убав поглед кон езерото. Персоналот исто така беше фин. Препорачувам да резервирате тука.

06.01.2026 12:31