Се изнајмува за една група на ден

Филип: вашиот локален лиценциран водич - Мое Скопје, ваша авантура

Local guides in Macedonia

Резервирајте тура со локален водич во Скопје. Филип е флексибилен со датуми, а за да добиете понуда од него се што треба да направите е да испратите барање со селектирање на датум и број на лица. Откако ќе испратите барање, ќе добиете одговор од Филип за вкупната цена на ваш мејл, смс и вибер.

За услугата

Име: Филип Професија и искуство: -Дипломиран туризмолог -Лиценциран туристички водич и придружник со повеќе од 12 години искуство -Водам тури низ Македонија, Италија, Грција, Турција итн. Роден и израснат во Скопје, ќе ви го покажам моево Скопје: скриени приказни, жива култура и уникатен микс од древна историја и модерен дух. Ги водам турите на англиски + сите балкански јазици (српски, хрватски, итн.), за да се чувствувате како дома, што ќе ви овозможи персонализирано искуство без разлика од каде доаѓате. Изберете ја авантурата: - Пешачка тура низ Скопје (околу 2 часа) – Откријте го старото и новото лице на градот, неговата фасцинантна историја и уникатни знамености, од Отоманската Чаршија, преку бруталистичката архитектура до модерните споменици. 15€/лице (Попуст за групи од 6+ лица - побарајте цена) Може да се реализира секој ден во 9, 10 или 17 часот - Бегство до Кањон Матка (со автомобил) – Истражете ја неверојатната природна убавина на кањонот Матка и уживајте во спокојот на природата 59€/автомобил (макс. 4 лица) Може да се реализира на барање од 09:00ч (турата трае 3.5-4ч зависи од сообраќај) *Додатен попуст за оние кои ќе ги резервираат двете тури. *Можност за организација на гастрономска тура и винска тура - поднесете барање за опции и цена на истата. Верувам дека секоја тура треба да биде како разговор, а не само презентација, така што се трудам да понудам не само класична тура, туку вистинско поврзување со Скопје и неговата околина. Ајде да создадеме приказна вредна за споделување!

Цена и услови

Вклучено во цена:

  • Цена од лице за пешачка тура низ Скопје - 15eур
  • Попуст за групи поголеми од 6 лица
  • Доколку имате желба за поинаков вид на тура, испратете барање за истата

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до стартна договорена локација на турата
  • Храна/Пијалоци

Локација

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Рецензии

Ако сте биле тука, споделете го вашето искуство со другите патници.

Сè уште нема рецензии. Бидете први.

Разгледајте повеќе луѓе

Види ги сите

Истражете дестинации

од899 ден