10/10! Супер место, чисто, мирно, со многу убава природа околу. Персоналот е љубезен и гостопримлив. Би оделе повторно!
Осоговска Куќа
„Вила Осоговска Куќа“ можете да ја резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор со цена, а потоа можете да потврдите. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините
Што нуди ова место
За сместувањето
Сместена на 1.250 метри надморска височина, Вила Осоговска Куќа нуди мир, чист воздух и прекрасна природа во срцето на Осоговските Планини. Вилата се наоѓа на 12 километри од Кочани и 8 километри од туристичкиот центар Пониква, во густа букова и аришова шума, далеку од градската врева. Лоцирана е на само 200 метри од главниот пат кој води кон Пониква, што ја прави лесно достапна во текот на целата година.
Сместувачки капацитет
Вилата располага со вкупно 12 соби и капацитет за околу 33 гости:
- 6 двокреветни соби со брачен кревет
- 6 трокреветни соби со брачен кревет и еден единечен кревет
Опременост на собите
Секоја соба располага со:
- Сопствено купатило
- Total TV
- Wi-Fi интернет
- Пешкири
- Централно греење
Собите не располагаат со кујна.
Заеднички содржини
На гостите им се достапни:
- Комплетно опремена заедничка кујна
- Простор за подготовка на скара
- Пространа веранда
- Двор од околу 2.000 м²
- Ресторан кој работи секој ден и во кој се подготвува храната за гостите
Паркинг
Обезбеден е приватен паркинг за гостите.
Природа и активности
Околината изобилува со пешачки патеки низ недопрената природа на Осоговските Планини. Посетителите можат да собираат планински чаеви, шумски плодови како малини, капини и шумски јагоди или едноставно да уживаат во природниот амбиент.
За љубителите на активниот туризам, сместувањето располага со простор за оставање велосипеди и пристап до обележана патека која води до браната „Градче“.
Пријавување и одјавување
Check-in: по 13:00 – 14:00 часот
Check-out: до 11:00 часот
Дополнителни информации
- Клучот се подига во ресторанот на вилата.
- Домашни миленици не се дозволени.
- Објектот располага со простор за складирање велосипеди.
Цена и услови
Вклучено во цена:
- Цело сместување:
- Од 2.400 денари едно ноќевање ( за 2 лица со вклучен појадок )
- Од 2.000 денари ( за 2 лица со вклучен појадок на подолго од 2 дена )
- Трокреветна соба е 3.300 денари со појадок
- доколку се користи помошен кревет се доплаќа 700 денари со вклучен појадок, доколку не се користи не се доплаќа за деца
- Wi-FI
- Греење/Ладење
- Паркинг
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
Локација
*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.
Рецензии
Локација одлична, прекрасна природа, само мала замерка околу сместувањето, многу слаба звучна изолација помеѓу собите, буквално секој чекор се слуша..
Феноменално! Рај за очи, мелем за душа. Супер услуга, прекрасна храна и преубави соби. 10/10
Мирно и средено, совршено за бегство од градските гужви. Топла препорака да се посети
Сместувањето во Осоговска куќа- солидно. Собата чиста и топла. Цената на сместувањето навистина пристапна. Персоналот услужлив. Храната во ресторанот одлична, но со повисоки цени од просечните. Природата прекрасна.
Дали имате вече резервации за нова година ,става въпрос за 8 човека
Me interesira,za termin od 22.01 do 25.01 za trojca vozrasni I edno dete od 14 god za cetiri nokjevanja. Koja kje bide cenata so pojadok I bez pojadok.
Dali imate za od 28.01 do 30.01 ,tri nokevanja dvajca vozrasni i 2 deca 5 i 2 god. I koja cena?
Дали има слободен термин 3 нокјевања за 3 возрасни и 2 деца од 15-18 јануари.
Dali ima slkbodno od 02 do 05 januar za 6 voz.i 6 deca
Dobar den Dali imate dve sobi so posebni kupatila za 03.02 do 05.02 Ve molam cena po moznost za dorucek i rucek Pozdrav, Jagotka
Hrana ,ambient prekrasno Usluga ,nedovolno personal
Убава градина. Средно-добра храна. Лошо сместување - сѐ се слуша. Прдење јок! 2/5
Prekrasno mesto a kujnate e top.
Дали е pet friendly ?