Дрвена куќичка во село Рамне
Дрвена куќичка во село Рамне. Mожете да резервирате со испраќање на барање. По испратеното барање ќе добиете потврда на мејл со цена, а потоа можете да потврдите. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Што нуди ова место
За сместувањето
Локација
Дрвената куќичка се наоѓа во близина на селото Рамне, на 890 метри надморска височина, опкружена со мирна природа и чист планински воздух. Најблиските соседи се оддалечени околу 200 метри, што овозможува приватност и спокоен престој.
Сместување
Куќичката располага со апартман кој се состои од:
- посебна спална соба;
- дневна соба со комплетно опремена кујна.
Апартманот располага со брачен кревет, како и дополнителна софа на извлекување во дневната просторија.
Опременост
Апартманот е целосно опремен и располага со:
- клима уред;
- Wi-Fi интернет;
- телевизор;
- приватен паркинг.
Пријавување и одјавување
Check-in: од 11:00 часот (или по претходен договор).
Check-out: до 11:00 часот.
Дополнителни информации
Сместувањето дозволува престој со домашни миленици, а гостите можат безбедно да ги внесат и складираат своите велосипеди.
Цена и услови
Вклучено во цена:
- Минимална цена за наем на апартман од ноќ од 2.500 денари
- Цена за две лица за едно ноќевање - 2.500 денари
- Цена за четири лица за едно ноќевање - 4.310 денари
- Wi-Fi
- ТВ
- Паркинг
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Локација
*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.
Рецензии
Zdravo, sakam da ve prasam dali vi e slobodna kukjata od 1 maj do 3 ili 4 ti za 3 jca Imam dve 2 kucinja koi sto sakam da gi zemam so mene i me interesira dali prostorot e ograden? Vi blagodaram i prijatno popladne
Разгледајте повеќе сместувања
Види ги сите- 8 гости
- 4 кревети
од 6.150 ден