Вила во Горно Коњско
Вилата се наоѓа во Горно Коњско на околу 1000 метри надморска височина. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Што нуди ова место
За сместувањето
Вила со поглед на езеро во планинско село
Вилата располага со два спрата и е идеален избор за семејства и друштва кои сакаат да уживаат во мирна планинска околина, прекрасен поглед кон езерото и активности во природа.
На приземјето се наоѓаат дневна соба, целосно опремена кујна, камин и тоалет. На горниот кат има две спални соби, од кои секоја располага со еден брачен и еден единечен кревет, како и дополнителен тоалет.
Собите се опремени со телевизор и интернет, а нудат и прекрасен поглед кон езерото.
Вилата има Wi-Fi, опремена кујна и паркинг за 2 до 3 автомобили. Дополнителен простор за паркирање има и во непосредна близина.
Максималниот капацитет на сместувањето е 6 лица.
Локација и активности
Вилата се наоѓа во планинско село, во близина на ресторанот Минами и Тераса Утарна.
Околината нуди одлични можности за активен одмор, вклучувајќи:
АТВ авантури и возење низ природата
Планинарење и прошетки
Посета на езерските плажи, кои се оддалечени околу 5 километри од сместувањето
Информации за престојот:
Check-in: 12:00 часот
Check-out: 11:00 часот
Клучот се подига од сопствениците.
Постелнината и пешкирите се менуваат во зависност од должината на престојот.
Домашни миленици се дозволени.
Обезбеден е простор за оставање велосипеди.
Цена и услови
Вклучено во цена:
- Цела куќа за 6 гости од ноќ е 12.300 денари
- TV/Wi-Fi
- Паркинг
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Локација
*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.
Рецензии
Сè уште нема рецензии. Бидете први.
Разгледајте повеќе сместувања
Види ги сите- 4 гости
- 2 кревети
од 3.100 ден
- 10 гости
- 6 кревети
од 2.467 ден