Zdravo, dali imate slobodno smestuvanje od 2 januari, za 2 nokji, 2 vozrasni i 2 deca
Апартман на Скијачки центар Маврово: Комплекс Резиденс
Апартман во Маврово. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл и смс со вкупна цена. Практикувајте барања по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Што нуди ова место
За сместувањето
Локација
Апартманот се наоѓа веднаш до ски центарот, што го прави одличен избор за сите љубители на скијањето и планинскиот одмор. Локацијата овозможува лесен пристап до скијачките патеки и е идеална за семејства и групи пријатели.
Опис на апартманот
Апартманот располага со две спални соби, дневна соба и комплетно опремена кујна. Со максимален капацитет за 7 лица, претставува одличен избор за семејства и групи кои бараат удобен престој во планинска средина.
Сместувачки капацитет и распоред на кревети
Апартманот може да смести најмногу 7 лица и располага со следниот распоред на кревети:
- Прва спална соба: еден брачен кревет со димензии 180 × 200 см и два кревета на спрат, погодни и за возрасни лица.
- Втора спална соба: еден брачен кревет со димензии 160 × 200 см.
- Дневна соба: гарнитура на извлекување.
Содржини и удобности
- Комплетно опремена кујна
- Бесплатен Wi-Fi
- Приватен паркинг
- Инвертер клима-уред и панелни греалки
- Простор за оставање велосипеди
- Менување на постелнината и пешкирите на секои 3–4 дена
Околина
Апартманот се наоѓа во прекрасна планинска средина, веднаш до ски центарот. Локацијата е идеална за зимски одмор и скијање, но и за сите кои сакаат да уживаат во природата и планинскиот воздух.
Пријавување и одјавување
- Пријавување (Check-in): од 14:00 часот
- Одјавување (Check-out): до 10:00 часот
Дополнителни информации
- Пријавување: Самопријавување (Self check-in). Инструкциите за пристап до апартманот се добиваат по потврдата на резервацијата.
- Домашни миленици: Не се дозволени.
- Максимален капацитет: 7 лица.
Цена и услови
Вклучено во цена:
- Цена за едно ноќевање од 3.075 денари по лице
- Цената може да биде повисока за празници
- Греење
- ТV/Wi-Fi
- Паркинг
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Локација
*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.
Рецензии
Разгледајте повеќе сместувања
Види ги сите- 10 гости
- 10 кревети
од 15.500 ден