Супер домаќин

Апартмани во центарот на Демир Капија – 7 модерно опремени апартмани со двор, приватен паркинг и капацитет до 24 лица

Demir Kapija

Апартмани во центарот на Демир Капија – 7 модерно опремени апартмани со двор, приватен паркинг и капацитет до 24 лица. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.

Што нуди ова место

Max. Capacity: 24
Beds: 18
Check In: 14:00
Check Out: 10:00
Air Conditioned
Parking
Wi-Fi
Clean Air

За сместувањето

Модерно опремени апартмани во самиот центар на Демир Капија, идеални за парови, семејства со деца, групи пријатели, деловни патници и организирани туристички групи.

Објектот располага со 7 апартмани со вкупен капацитет до 24 гости, кои нудат удобност, приватност и одлични услови за краткорочен или подолг престој.

Секој апартман располага со сопствена бања, Smart TV, минибар, електричен бокал, вода, кафе и чај. На гостите им е достапен брз оптички интернет.

Посебна предност на сместувањето е големата, целосно опремена заедничка кујна на приземјето, како и дворот со тревник, каде што гостите можат да се релаксираат и да поминуваат време на отворено.

Благодарение на централната локација, рестораните, маркетите, аптеката и бензинската пумпа се наоѓаат на околу 100 метри од објектот.

Сместувањето е одлична почетна точка за истражување на Демиркаписката Клисура, локалните винарии, природните убавини и авантуристичките активности по кои е позната Демир Капија.

Локација

  • Место: Демир Капија
  • Локација: Центар
  • Ресторани: Околу 100 метри
  • Маркети: Околу 100 метри
  • Аптека: Околу 100 метри
  • Бензинска пумпа: Околу 100 метри
  • Паркинг: Приватен паркинг и можност за паркирање покрај улицата

Капацитет и распоред на апартманите

Објектот располага со 7 одделни апартмани, со различен распоред на леглата.

Апартмани 1, 2, 3 и 4 – Четири апартмани

  • 1 брачен кревет
  • 1 поединечен кревет
  • 1 фотелја на спуштање
  • Капацитет: до 4 лица по апартман

Апартман 5 – Брачен кревет и дополнително легло

  • 1 брачен кревет
  • 1 фотелја на спуштање
  • Капацитет: до 3 лица

Апартман 6 – Двокреветен апартман

  • 1 брачен кревет
  • Капацитет: 2 лица

Апартман 7 – Апартман со две спални соби

  • Прва спална: 1 брачен кревет
  • Втора спална: 2 поединечни кревети
  • Капацитет: до 4 лица

Вкупен капацитет на објектот: 24 лица, според информацијата на сопственикот.

Опременост на апартманите

Секој од седумте апартмани располага со:

  • Сопствена приватна бања и тоалет
  • Smart TV
  • Минибар
  • Електричен бокал
  • Вода за гостите
  • Кафе и чај
  • Брз оптички интернет

Заедничка кујна и двор

На приземјето од објектот се наоѓа пространа, целосно опремена кујна, наменета за користење од гостите.

Кујната овозможува самостојно подготвување оброци, што е особено практично за семејства, групи и гости кои престојуваат повеќе денови.

Веднаш до кујната има двор со тревник, кој претставува дополнителен простор за релаксација, дружење и престој на отворено.

Важно: Кујната е заедничка и се наоѓа на приземје, а не во секој апартман одделно.

Паркинг и интернет

  • Приватен паркинг за гостите
  • Можност за паркирање покрај објектот, на самата улица
  • Оптички интернет

Пријавување и одјавување

  • Check-in: Од 14:00 часот.
  • Порано пријавување: Можно во зависност од достапноста на апартманите.
  • Check-out: До 10:00 часот.
  • Подоцнежно одјавување: Можно во зависност од следните резервации.
  • Предавање клучеви: Лично од домаќините.

Цена и услови

Вклучено во цена:

  • Апартман за 2 лица 2.100 ден.
  • Апартман за 3 лица 2.400 ден.
  • Апартман за 4 лица 2.700 ден.
  • Наем на целиот објект 17.700 ден.
  • Цената може да биде повисока за празници и ек на сезона
  • Греење/Ладење
  • TV/Wi-Fi
  • Паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до смествувањето
  • Храна

Локација

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Рецензии

Ако сте биле тука, споделете го вашето искуство со другите патници.

Сè уште нема рецензии. Бидете први.

Разгледајте повеќе сместувања

Види ги сите

Истражете дестинации

од2,100 mkd