Местото е прекрасно, посебна убавина е зајдисонцето штета што неможам да прикачам слика. Одлични домаќини, љубезни и гостопримливи. Вилата е опремена со се што ви треба, дворот со базенот и скарата нуди преубава атмосфера. Секако дека ви го препорачувам, ако може да ја оценам вилата има 9,95 од 10 :)
Вила со базен во село Дрен: Приватност и спокој
Вила со базен во околината на Демир Капија. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Што нуди ова место
За сместувањето
НАПОМЕНА: Вилата не се изнајмува за ергенски и родендени! Вилата е наменета за одмор и уживање!
Вилата се наоѓа во демиркапиското село Дрен, до кое се пристигнува со исклучување кај Демир Капија, поминувајќи низ селото Чифлик и продолжувајќи по асфалтен пат до самото село.
Сместена на 300 метри надморска височина, вилата е опкружена со природа, чист воздух и прекрасни пејзажи. Низ селото поминува реката Дошница, која му дава посебен шарм на овој крај.
Сместувањето располага со:
- Дневна соба
- Спална соба
- Комплетно опремена кујна
- Купатило
Во дневната соба има:
- Тросед на развлекување
- Двосед
- Фотелја
Во спалната соба има:
- Брачен кревет
- Два единечни кревети
Максимален капацитет: 6 лица
Дополнителни погодности:
- Wi-Fi интернет
- Приватен паркинг
- Клима уред за греење и ладење
- Простор за оставање велосипеди
- Дозволен влез за домашни миленици
На гостите им е на располагање целиот објект.
Дворот е прекрасно уреден и располага со летен сезонски базен, идеален за уживање во топлите денови.
Сместувањето се наоѓа во мирно и тивко планинско село со прекрасен поглед и чист воздух, совршено за вистински одмор во природа.
Во близина се наоѓаат:
- Познатите топли вирови – авантура која не се пропушта
- Селото Чифлик, кое задолжително треба да го посетите
- Неколку познати винарии, меѓу кои и Royal Winery Queen Maria каде можете да уживате во локално вино и одлична храна
Овој предел е одличен и за љубителите на активен туризам, бидејќи располага со велосипедски патеки низ природа.
Check-in: 11:00 – 12:00 часот
Check-out: до 09:30 часот
Клучот се подига од домаќините.
Цена и услови
Вклучено во цена:
- Цена за наем на цел објект: 7.000 денари до 6 лица
- Најниската цена од 4.000 денари е финска и не може да биде пониска од ова цена, цената за наем може да биде повисока во ек на сезона и празници
- Без разлика дали сместувањето ќе го резервираат и помал број на гости цената е фиксно 4.000 денари
- Греење/Ладење
- TV/W-Fi
- Паркинг
- Летен сезонски базен
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Локација
*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.
Рецензии
Прекрасно место, прекрасни домаќини, потполна приватност, снабдено со се што е потребно, супер чисто и средено, 10/10 препорака!
Dali e slobodna vilava za ovoj vikend
здраво да прашам дали мозе да престојуваме 3 фамилии 6 возрасни и 5 мали деца до 10 години во вилата. период 1 до 3 август. и колку парти е изнајмувањето.благодарам
Koga e slobodna za 10 dena vi blagodaram
Разгледајте повеќе сместувања
Види ги сите- 24 гости
- 18 кревети
од 2.100 ден
- 6 гости
- 6 кревети
од 4.000 ден