Супер домаќин

Сместување во стариот град на Охрид

Ohrid

Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор. Потоа можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.

Што нуди ова место

Макс. Капацитет: 30
Кревети: 15
Check In: 14:00
Check Out: 11:00
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi
Чист Воздух

За сместувањето

Опис на сместувањето

Вилата се наоѓа во срцето на стариот град на Охрид, на прекрасна локација која ви овозможува да го почувствувате автентичниот дух и пулсот на градот.

Вилата располага со вкупно 10 соби, опремени со брачни кревети, како и 5 дополнителни софи во петте апартмани. Максималниот капацитет на вилата е 30 гости.

Опременост и удобности

Сите соби се стандардно опремени и располагаат со:

  • Приватен тоалет

  • Кафе-апарат

  • Кетлер

  • Wi-Fi интернет

Вилата располага и со 5 двособни апартмани, кои вклучуваат:

  • Дневен престој со трпезарија

  • Кујна

  • Посебна спална соба

  • Приватен тоалет

  • Мини-фрижидер

  • Дополнителна софа

Во 4 од двособните апартмани има целосно опремени кујни со:

  • Мини-шпорет

  • Фрижидер

  • Рерна

  • Садови за готвење

  • Чаши и филџани

  • Прибор за јадење

Паркинг и дополнителни удобности

Вилата располага со сопствен приватен паркинг, кој се наоѓа на околу 300 метри од сместувањето, кај Горна порта – еден од влезовите во стариот град на Охрид.

На гостите им е достапен и простор за оставање велосипеди.

Локација и знаменитости во околината

Вилата се наоѓа на мирна локација, на само 5 минути пешачење од градскиот плоштад.

Во непосредна близина се наоѓаат некои од најпознатите знаменитости и атракции на Охрид:

  • Црквата „Св. Софија“

  • Музејот – Куќата на Робевци

  • Црквата „Св. Никола Геракомија“

  • Античкиот театар

  • Самоиловата тврдина

  • Охридското пристаниште

  • Градските плажи

  • Канео

  • Долни Сарај

Информации за пријавување и одјавување

  • Check-in: од 14:00 часот

  • Check-out: до 11:00 часот

  • Гостите имаат можност за самостојно пријавување (Self Check-in).

  • На располагање има и рецепција која работи до 20:00 часот.

Дополнителни информации

  • Максимален капацитет: 30 гости

  • Постелнината и пешкирите се менуваат на барање на гостите.

  • Домашни миленици не се дозволени.

  • Достапен е простор за оставање велосипеди.

Цена и услови

Вклучено во цена:

  • Цената на стандардните соби се движи од 3.075 денари по ноќевање за 2 лица
  • Цената на апартманите се движи од 7.380 денари по ноќевање
  • Цената варира во зависност од периодот и бројот на ноќевања
  • Греење/Ладење
  • TV/Wi-Fi
  • Паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Локација

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Рецензии

Ако сте биле тука, споделете го вашето искуство со другите патници.

Сè уште нема рецензии. Бидете први.

Разгледајте повеќе сместувања

Види ги сите

Истражете дестинации

од3.075 ден