Модерна вила во Маврово
Вилата се наоѓа во населбата Маврови Анови. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Што нуди ова место
За сместувањето
Вила во Маврови Анови со поглед на Мавровско Езеро
Вилата се наоѓа во Маврови Анови и нуди прекрасен поглед кон Мавровско Езеро, простран двор со скара и близина до ски-центарот. Може да смести околу 8–10 гости.
Распоред и сместување
- Три спални соби и дневна соба со опремена кујна
- Две спални соби со по еден брачен кревет
- Една спална соба со две софи на развлекување, широки по 160 cm
- Дневна соба со уште две софи на развлекување
Опременост и удобности
- Централно греење со систем поврзан со внатрешниот камин
- Целосно опремена кујна со фрижидер, замрзнувач, машина за миење садови, микробранова печка, електричен шпорет, прибор и садови
- Wi-Fi
- Приватен паркинг
- Двор со скара
- Простор за оставање велосипеди
- За подолг престој се достапни машина за перење алишта и пегла
Локација и околина
Продавници, ресторани што работат во текот на целата година, амбуланта, аптека и бензинска пумпа се на околу 500 метри. Врбенскиот пат е оддалечен околу 150 метри, а реката Радика околу 7 километри. Вилата е во близина на ски-центарот.
Домашни миленици
Домашни миленици се дозволени. Сопствениците се одговорни за евентуалната штета што ќе ја предизвикаат.
Пријавување и одјавување
- Пријавување: од 14:00 часот
- Одјавување: до 11:00 часот
- Домаќинот ги пречекува гостите на бензинската пумпа „Макпетрол“, на влезот во Маврови Анови.
Цена и услови
Вклучено во цена:
- Цена за наем на вила е 15.000 денари од ноќ
- Цената варира
- Греење
- Wi-Fi
- ТВ
- Приватен паркинг
- Машина за алишта
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до вилата
- Храна
Локација
*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.
Рецензии
Vila na mesto za dobar odmor I relaksacija
Zdravo. Dali moze broj za kontakt za vilata?
Zdravo,dalli moze da se rezervira za 9 lica vozrasni, datum 30 dekemvri do 2 januari
zdravo za nova godina da li e slobodna i cena
Pozdrav, bi mozele li da se smestat 10 vozrasni i 4 deca? period 01.Mart - 6.Mart 2022
Здраво, бараме сместување за 2 семејства, 8 луѓе, 4 ноќевања, за период од од 8ми до 12ти Јан. Благодарам, Наташа
Zdravo, dali vilata e slobodna od 31-12-2021 do 02-01-2022?
Дали е слободна куќава од 8 до 11 јануари за 9 лица?
Zdravo, dali imate slobodni kapaciteti vo periodot od 30.12.2021 - 02.01.2022? Blagodaram! Pozdrav, Nenad
Разгледајте повеќе сместувања
Види ги сите- 4 гости
- 2 кревети
од 3.600 ден