Би можел да кажам одлично искуство . Прекрасно место да поминеш опуштен ден со фамилијата и пријатели . Домаќините многу гостоприливи и вилата беше во мошне чиста состојба , се на се убаво место и вреди да се посети .
Планинска вила во густата пехчевска шума близу водопадите
Вилата се наоѓа на 10 км, од Пехчево према изворите на река Брегалница. Има 2 спални со брачни кревети. Во едната има плус помошен лежај, во едната има детско креветче. Во дневниот престој имаме 5-то сед кој се прави на спална. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Што нуди ова место
За сместувањето
Кујна (надворешна)
Надворешна кујна опремена со скара, фурна, шпорет на дрва и плинско решо
Опременост
Wi-Fi
Клима уред за греење и ладење
Паркинг
Капацитет
За 7 до 8 лица
Околина и локација
Прекрасно природно опкружување со букова и борова шума
Одвоеност од другите викендици – целосна приватност
Мирна шумска средина идеална за одмор
Во близина има водопади со уредени локации
Велосипедска патека и пешачки патеки
Предел кој нуди целосен мир и релаксација
Check-in / Check-out
Check-in: 14:00 часот
Check-out: 12:00 часот
Дополнително
Гостите ги пречекува и сместува домаќинот
Доколку престојот е подолг од 7 дена, се менува постелнината и пешкирите
Домашни миленици не се дозволени
Има простор за оставање велосипеди
Цена и услови
Вклучено во цена:
- Цена за наем на цела вила е од 3.500 денари за двајца за едно ноќевање
- Цената варира во зависност од периодот
- Греење/Ладење
- ТВ
- Паркинг
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
- Wi-Fi
Локација
*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.
Рецензии
Begstvo od sekojdnevieto. Sopstvenicite se mnogu gostoljublivi. Opkoleni ste so preubava priroda, cist vozduh. Toplo katce za druzba so prijateli ili semejstvoto. Toplo go preporacuvam na site.
Прекрасно место кое вреди да се посети од секој аспект! Прекрасна природа, интимност и потокот кој жубори ќе ве привлече во секој поглед. Температура за 10 степени пониска од градските средини. За домаќините не треба да се штедат зборови...следна прилика пак
Многу несигурни газди! Внимавајте! ќе ви резервираат и после се менуваат работите!
Zdravo me iteresira dali e slobodno na 8 i 9 juli
Топло го препорачувам ова место на секој што сака да се тргне од секојдневието и да се одмори. Надвор од градот на многу мирно место, наоколу преубава природа мирно без никаква бука, се слуша само звукот од птиците и потокот што минува покрај колибата. Бевме пречекани со запален оган и пријатен амбиент, се беше чисто и уредно има се што може да ви биде потребно за престој. Местото е рај за душата. Се надевам дека набрзо повторно ќе имам прилика да го посетам.