Цена Дали има греење
Апартмани во Пехчево
Апартманите се наоѓаат во центарот на Пехчево. Mожете да ги резервирате со испраќање на барање. По испратеното барање ќе добиете потврда на мејл со цена, а потоа можете да потврдите. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Што нуди ова место
За сместувањето
Локација:
Апартманите се наоѓаат во центарот на Пехчево. Локацијата е одлична за истражување на градот и околината, а во непосредна близина има парк и езерце.
Сместување и капацитет:
Објектот располага со вкупно 6 соби:
• 4 двокреветни соби
• 2 апартмани со по 4 кревети
Опременост:
• Приватно купатило со тоалет во секоја соба
• TV во секоја соба
• Wi-Fi
• Собите немаат кујна
• Ресторан во склоп на објектот
Паркинг и велосипеди:
• Приватен паркинг
• Обезбеден простор за чување велосипеди
Во близина и активности:
Гостите можат да ги истражат природните убавини и активностите во околината, вклучувајќи:
• Пехчевски водопади – на околу 10 км
• Равна Река
• Планината Кадиица
• Велосипедски патеки
• Беровско Езеро – на околу 10 км
• Парк и езерце во непосредна близина
Пријавување и одјавување:
• Check-in: од 12:00 до 14:00 часот
• Check-out: до 12:00 часот
Преземање на клуч:
Клучот се подига од вработено лице во апартманите и ресторанот, кое воедно е задолжено за контакт со гостите.
Чистење и хигиена:
• Постелнината и пешкирите се менуваат доколку престојот е подолг од 2 дена
Домашни миленици:
• Домашни миленици не се дозволени
Цена и услови
Вклучено во цена:
- Цена од лице со вклучен појадок од 1.350 денари
- Цена за 2 лица со појадок е 2.700 денари за едно ноќевање со вклучен појадок
- Греење/Ладење
- ТВ/Wi-Fi
- Приватен паркинг
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
Локација
*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.
Рецензии
Zdravo, Dali imate apartman za dvajca za petok vecer? Pozdrav, Elena