Супер домаќин

Комитски конак во село Плешанци: Соби со билјард, џакузи и сауна

Probistip

Комитски конак во Плешанци можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. Селектирајте го терминот кој сакате да го резервирате и очекувајте одговор на мејл и на смс. По добиениот одговор со вкупна цена можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините

Што нуди ова место

Макс. Капацитет: 17
Кревети: 17
Check In: 14:00
Check Out: 12:00
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi
Чист Воздух
СПА
Несекојдневно
Гастрономско
Pet Friendly

За сместувањето

Комитски конак – Автентично сместување во село Плешанци

За сите оние друштва и љубители на уникатни сместувања, Комитскиот конак во село Плешанци нуди посебно доживување во мирна рурална средина, опкружена со чист планински воздух и природа.

Комплексот располага со ресторан, велнес содржини и простори за рекреација и дружење, што го прави одличен избор за семејни престои, групи и организирани собири.

Сместувачки капацитет и типови на соби

Комитскиот конак располага со вкупно 7 сместувачки единици, со максимален капацитет за 17 гости и вкупно 17 кревети.

  • 2 апартмани со приватна сауна и џакузи

  • Стандардни апартмани и соби

  • Дел од собите располагаат со сопствена кујна

Содржини и дополнителни капацитети

Покрај сместувањето, комплексот нуди различни содржини за одмор, рекреација и деловни активности:

  • Ресторан

  • Соба со билјард

  • Фитнес-клуб

  • Конференциска сала со капацитет до 30 лица

  • Сауна и џакузи во двата специјално опремени апартмани

  • Wi-Fi интернет

  • Приватен паркинг

  • Простор за оставање велосипеди

Локација и природно опкружување

Сместувањето се наоѓа во село Плешанци, во мирна и чиста рурална средина, позната по свежиот воздух и природното опкружување.

Во околината се наоѓаат неколку интересни места што вреди да се посетат:

  • Манастир „Св. Петка“

  • Манастир „Св. Гаврил Лесновски“

  • Кнежевско Езеро

Локацијата е погодна за одмор далеку од градската бучава, истражување на околната природа и запознавање со културното и духовното наследство на регионот.

Пријавување и одјавување

  • Check-in: од 14:00 часот. Можно е пристигнување и во друго време, со претходна најава и доколку има слободни капацитети.

  • Check-out: до 12:00 часот.

Клучевите гостите ги добиваат на рецепција.

Услуги и дополнителни информации

  • Пешкирите и постелнината се менуваат секојдневно.

  • Домашните миленици се дозволени.

  • Објектот е целосно климатизиран, со греење и ладење.

Комитскиот конак во Плешанци е одличен избор за оние кои бараат поинаков вид одмор – комбинација од традиционален амбиент, удобност, релаксација и дружење во природа.

Цена и услови

Вклучено во цена:

  • 1.500 по лице за стандардна соба (без џакузи и сауна)
  • 1.700 по лице за стандарден апартман (без џакузи и сауна)
  • 2.500 по лице за апартман со џакузи и сауна
  • Цените се со вклучен доручек
  • За деца до 10 години не се доплаќа
  • Цената за празници (како Нова Година) може да биде повисока
  • Греење/Ладење
  • TV/Wi-Fi
  • Паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Ручек
  • Вечера

Локација

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Рецензии

Ако сте биле тука, споделете го вашето искуство со другите патници.

Сè уште нема рецензии. Бидете први.

Разгледајте повеќе сместувања

Види ги сите

Истражете дестинации

од1.500 ден