Супер домаќин

Шармантни бунгалови во Љубаништа

Ohrid 5,02 рецензии

Бунгалови во Љубаништа. Можете да резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл и на смс со вкупна цена. Практикувајте барања по мејл. Така е најбезбедно за вас и за домаќините.

Што нуди ова место

Air Conditioned
Parking
Wi-Fi
Clean Air
Pet Friendly

За сместувањето

Локација

Комплексот се наоѓа во селото Љубаништа, во непосредна близина на авто-кампот Љубаништа, на само неколку минути од манастирот Св. Наум и ранч за коњи. Сместен во мирна планинска средина, комплексот нуди одлични услови за одмор, релаксација и уживање во природата, во близина на Охридското Езеро.

Сместувачки капацитет

Комплексот располага со 4 модерно опремени бунгалови, при што секој бунгалов е наменет за престој на до 4 гости.

Секој бунгалов располага со:

  • Спална соба со брачен кревет
  • Дневна соба со софа на развлекување

Вкупниот капацитет на комплексот е 16 гости.

Опременост

Секој бунгалов е целосно опремен и содржи:

  • Комплетно опремена кујна
  • Дневна соба
  • Приватна бања
  • Спална соба
  • Приватен двор

Интернет

Во целиот комплекс е достапен бесплатен Wi-Fi интернет.

Паркинг

За сите гости е обезбеден приватен паркинг.

Греење и ладење

  • Клима уред со функција за греење и ладење

Околина

Во непосредна близина се наоѓаат:

  • Авто-камп Љубаништа
  • Манастирскиот комплекс Св. Наум
  • Ранч за коњи
  • Охридското Езеро
  • Планински пешачки патеки

Активности и атракции

Гостите можат да уживаат во:

  • Капење и релаксација на плажите во Љубаништа
  • Посета на манастирот Св. Наум
  • Јавање коњи
  • Пешачење и прошетки низ природата
  • Истражување на природните убавини на Националниот парк Галичица

Област

Комплексот се наоѓа во тивко и мирно соседство, идеално за семеен одмор, романтичен викенд или престој со пријатели.

Пријавување и одјавување

  • Check-in: од 14:00 часот
  • Check-out: до 11:00 часот

Клучевите ги предава одговорно лице кое ги пречекува гостите. Достапна е и опција за самостојно пријавување (self check-in) со претходни упатства од домаќините.

Постелнина и пешкири

Постелнината и пешкирите се менуваат на секои 3 дена.

Домашни миленици

Домашните миленици се добредојдени.

Простор за велосипеди

Обезбеден е безбеден простор за оставање велосипеди.

Цена и услови

Вклучено во цена:

  • Цена за наем на еден бунгалов од ноќ 5.400 денари
  • Цената е иста без разлика дали сте 2 или 4 лица во еден бунгалов
  • Цената може да варира во ек на сезона и празници
  • Греење/Ладење
  • TV/Wi-Fi
  • Паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Локација

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Рецензии

5,0 · 2 рецензии

Ако сте биле тука, споделете го вашето искуство со другите патници.

Mende Stankovski 04.08.2026 17:43
Верифициран
Весна Цветанова 25.08.2025 08:33
Верифициран

Сместувањето беше одлично! Комплексот е нов, пријатно средени дворови, и опремени куќички, и релативно мирно, барем нам ни се погодија мирни туристи во останатите три куќички. Плажата е блиску, маркет има во близина исто, во кампот.Топло го препорачуваме комплексот!

Кристина 01.06.2026 14:24
Неверифициран

Cena za smestuvanje na 2ca vozrasni i bebence od 1 godina za periodot od 30/06 do 04/07. Vi blagodaram,

Разгледајте повеќе сместувања

Види ги сите

Истражете дестинации

од5,400 mkd