Супер домаќин Се изнајмува цело сместување

Модерно студио во Охрид – 5 минути пеш до езерото и градското шеталиште

Ohrid

Модерно студио во Охрид – 5 минути пеш до езерото и градското шеталиште. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.

Што нуди ова место

Макс. Капацитет: 2
Кревети: 3
Check In: 13:00
Check Out: 10:00
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi
Чист Воздух

За сместувањето

Доколку барате удобно сместување на одлична локација, ова модерно студио во Охрид е идеален избор. Сместено во мирен и тивок дел од градот, на втора линија од езерото, нуди совршен баланс помеѓу лесен пристап до сите туристички атракции и мирен престој далеку од градската бучава.

Студиото се наоѓа во близина на населбата Студенчишта и Билјанини Извори, на само 5 минути пешачење до градското шеталиште и Охридското Езеро.

За сместувањето

Студиото е со површина од 20 м² и располага со:

  • Една соба
  • Еден брачен кревет
  • Еден помошен кревет (80 × 200 см) наменет за едно дете

Максималниот капацитет е 3 гости.

Опременост

Студиото е комплетно опремено и располага со:

  • Мини опремена кујна
  • Трпезариска маса
  • Инвертер клима-уред
  • Smart TV со кабловска телевизија
  • Брз оптички Wi-Fi интернет
  • Комплетно опремено купатило
  • Пешкири
  • Фен
  • Шампон
  • Гел за туширање
  • Приватен паркинг во дворот

Кујна

Гостите имаат на располагање целосно опремена мини кујна за подготовка на оброци.

Паркинг

Обезбеден е бесплатен приватен паркинг во дворот на објектот.

Локација

Студиото се наоѓа во градско подрачје, во мирно соседство кое овозможува лесен пристап до сите најважни содржини.

Во непосредна близина се наоѓаат:

  • Пекари
  • Маркети
  • Аптеки
  • Бензинска пумпа
  • Ресторани
  • Кафулиња

Атракции во близина

На само неколку минути се наоѓаат:

  • Охридското Езеро
  • Билјанини Извори

За љубителите на прошетки и разгледување, локацијата овозможува:

  • Прошетка по крајбрежното шеталиште кое води директно до центарот на Охрид.
  • Посета на Стариот град и неговите најпознати знаменитости, меѓу кои Самоиловата тврдина, Античкиот театар, Плаошник и црквата „Св. Јован Канео“.
  • Пешачење, трчање и рекреација во Студенчишта и Билјанини Извори, како и можност за изнајмување велосипеди.

Пријава и одјава

  • Check-in: од 13:00 до 20:00 часот
  • Check-out: до 10:00 часот

Клучот од сместувањето лично го предаваат домаќините.

Дополнителни информации

  • Домашни миленици не се дозволени.
  • Обезбеден е простор за оставање велосипеди.
  • Греењето и ладењето се обезбедени со инвертер клима-уред.

Цена и услови

Вклучено во цена:

  • Цената за едно ноќевање е 3.000 денари за целото студио
  • 2 до 6 ноќевања: 2.500 денари по ноќевање за целото студио
  • 7 или повеќе ноќевања: 2.100 денари по ноќевање за целото студио
  • Цената може да варира во зависност од периодот на престој
  • Цената може да биде повисока за празници и ек на сезона
  • Греење/Ладење
  • TV/Wi-Fi
  • Паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Локација

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Рецензии

Ако сте биле тука, споделете го вашето искуство со другите патници.

Сè уште нема рецензии. Бидете први.

Разгледајте повеќе сместувања

Види ги сите

Истражете дестинации

од2.500 ден