Супер домаќин Се изнајмува цело сместување

Планинска куќа во Лазарополе со приватен паркинг и пространи ливади

Mavrovo

Планинска куќа во Лазарополе со приватен паркинг и пространи ливади. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.

Што нуди ова место

Макс. Капацитет: 6
Кревети: 5
Check In: 16:00
Check Out: 12:00
Паркинг
Wi-Fi
Чист Воздух

За сместувањето

Скриена во мирниот амбиент на Лазарополе, оваа планинска куќа е идеален избор за сите кои сакаат одмор во природа, чист воздух и тишина. Опкружена со планински пејзажи, ливади и бројни патеки за пешачење, нуди совршено место за семејства, парови и љубители на активен одмор.

За сместувањето

Куќата располага со:

  • 2 спални соби
  • 2 брачни кревети
  • Вкупно 5 кревети
  • Максимален капацитет до 6 гости

На гостите им е достапна целосно опремена кујна со сè што е потребно за пријатен престој, како и сите услови кои овозможуваат да се чувствувате како дома.

Во моментов објектот нема Wi-Fi интернет.

Надворешен простор

  • Приватен паркинг
  • Простор за оставање велосипеди
  • Мирно соседство
  • Планинска околина со многу зеленило

Што има во близина?

Во непосредна близина се наоѓаат:

  • Хотел Калин со ресторан и кафуле
  • Парк со лулашки
  • Фудбалско игралиште

Атракции и активности

Лазарополе е познато по својата недопрена природа и бројните можности за прошетки и планинарење. Во околината можете да ги посетите:

  • Малите селски црквички
  • Црквата „Св. Ѓорѓија“
  • Соколица
  • Цуцул
  • Коритник
  • Пространи ливади исполнети со планински чаеви, гороцвет и разновидна планинска флора

Оваа локација е идеална за сите кои сакаат активен одмор, пешачење, фотографирање на природа и уживање во свеж планински воздух.

Пријава и одјава

  • Check-in: од 16:00 часот
  • Check-out: до 12:00 часот

Клучот од сместувањето лично го предава сопственикот.

Хигиена

  • Пешкирите се менуваат секој ден.
  • Постелнината се менува според должината на престојот и желбата на гостите, вообичаено на секои два дена.

Греење и ладење

Во моментов објектот нема систем за греење и ладење. Во план е поставување на клима-уред.

Домашни миленици

Влез на домашни миленици не е дозволен.

Цена и услови

Вклучено во цена:

  • Цена за наем на целиот објект: 3.600 денари за ноќевање
  • Цената може да биде повисока за празници и ек на сезона
  • Греење
  • TV/Wi-Fi
  • Паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Локација

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Рецензии

Ако сте биле тука, споделете го вашето искуство со другите патници.

Сè уште нема рецензии. Бидете први.

Разгледајте повеќе сместувања

Види ги сите

Истражете дестинации

од3.600 ден