Супер домаќин

Адриан: Ски инструктор на Маврово

Резервирајте лиценциран ски инструктор на Маврово. Испратете барање за резервација до Адриан и очекувајте одговор во текот на денот со вкупна цена. Одговорот ќе го добиете на мејл, вибер и смс. Практикувајте барања за резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.

За услугата

Индивидуални часови по скијање со Адриан – Ски центар Маврово

Здраво, јас сум Адриан, лиценциран ски-инструктор во Ски центарот Маврово. Нудам индивидуални часови по скијање за сите возрасни групи, почнувајќи од најмалите на возраст од 4 години, па сè до возрасните кои сакаат да ги направат своите први чекори на снегот или да ги усовршат своите скијачки вештини.

За кого се наменети часовите?

Часовите се наменети за:

  • Деца од 4 години и повеќе.

  • Почетници кои за првпат сакаат да застанат на скии.

  • Рекреативни скијачи кои сакаат да ја подобрат својата техника.

  • Сите љубители на зимските спортови кои сакаат да научат да скијаат.

Најважни се желбата, мотивацијата и волјата за учење. Останатото го постигнуваме заедно, чекор по чекор!

Колку траат часовите?

За успешно совладување на основите и побрз напредок, се препорачуваат од 2 до 3 часа индивидуална обука дневно. Преку практични вежби и постепено совладување на техниките, учениците стекнуваат сигурност и самодоверба на скиите.

Дали е потребна сопствена скијачка опрема?

Учениците можат да дојдат со сопствена скијачка опрема. Доколку ја немаат, опремата може да се изнајми во рамките на Ски центарот Маврово, со дополнителна доплата.

Колку време е потребно за да се научи скијање?

Времето потребно за совладување на основите зависи од возраста, индивидуалните способности и посветеноста на секој ученик.

Според искуството, со редовни часови од 2 до 3 часа дневно, почетниците можат во рок од приближно 3 дена да ги совладаат основите на рекреативното скијање и да стекнат доволно самодоверба за самостојно скијање на соодветни патеки.

Мојата цел е секој ученик да научи да скија безбедно, правилно и со задоволство!

Ве очекувам на снежните падини во Маврово, каде што учењето скијање станува вистинско зимско доживување!

Цена и услови

Вклучено во цена:

  • Цената од еден час е 1.538 денари по лице
  • Цената може да варира во зависност од бројот на ученици
  • Професионална практична настава

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до ски центарот
  • Билет за ски жичарата
  • Храна
  • Ски опрема

Локација

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Рецензии

Ако сте биле тука, споделете го вашето искуство со другите патници.

Сè уште нема рецензии. Бидете први.

Разгледајте повеќе луѓе

Види ги сите

Истражете дестинации

од1.538 ден