Александар: Сноуборд инструктор на ски центар Маврово

Резервирајте Snowboard инструктор на Маврово. Испратете барање до Александар со селектирање на датумите на кои сакате да учите. Откако ќе испратите барање ќе добиете одговор во текот на денот на вашиот мејл, смс и вибер со вкупна цена. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.

За услугата

Здраво јас сум Александар и со мене е цел тим инструктори на сноуборд во Маврво. Имаме супер школа и одлична дружба со сите оние кои се дел од нашата школа. Со часеви можете да почнете кога и да посакате, треба само да имате желба и мотив да научите да бордате.

Моја препорака за дневна snowboard обука е два часа до шест часа во зависнот од психофизичката способност на ученикот. Но на ден се доволно 4 часа (поради губење концентрација), особено за лица кои за прв пат се соочуваат со ваква обука.

Учениците може да бидат од 4 години (4,5 и 6 години со нив е повеќе игра) за да го сакаат снегот и даскањето, а најстарата возраст нема граници. Сме имале и 66 годишен ученик со кого супер си поминавме.

Пожелно е учениците да имаат нивна опрема, но исто така доколку нема може да изнајмат од кај нас (кондури, борд/даска и заштитен шлем).

Ние нудиме часеви по бордање, но доколку некој сака да се префрли на скии, имаме и колеги со кои соработуваме.

Според моето иускуство на ден се доволни 4 часа учење, а да се совлади потребно е од 5 до 7 дена за да може лицето индивидуално да продолжи да борда. Секако зависи од спремноста на ученикот.

Цена и услови

Вклучено во цена:

  • Цената за едно лице за еден час обука е 2.000 денари
  • Доколку се повеќе лица се генерира пакет цена
  • Професионални инструктори
  • Практична настава

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до Маврово
  • Опрема
  • Храна
  • Ски карта

Локација

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Рецензии

Ако сте биле тука, споделете го вашето искуство со другите патници.

Салимжан Ардак 06.12.2025 10:08
Неверифициран

Добрый день, я с супругой собираюсь кататься на маврово с 15го января до 21го января, я ищу русскоговорящего инструктора по катанию на борде, у вас есть русскоговорящие инструкторы?

Разгледајте повеќе луѓе

Види ги сите

Истражете дестинации

од2.000 ден