Бобан: Ски инструктор на Попова Шапка

Резервирајте ски инструктор на Попова Шапка. Бобан можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. Селектирајте за кои датуми ви е потребна ски обука и за колку лица. Очекувајте одговор во текот на денот на ваш смс, мејл и вибер. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за инструкторите.

За услугата

Здраво јас сум Бобан, ски инструктор на Попова Шапка. Одржувам дневна ски школа која трае 3-4 часа, а термин можете да си закажете од 09:30 до 12:00 часот или од 12:30 до 15:00 часот.

Нудиме индивидуални и групни часови.

Возраста на учениците е од 6 години на нагоре.

Учениците може да дојдат со сопствена ски опрема или да си изнајмат. Изнајмувањето на Попова Шапка се движи од 400-500 денари од ден.

Моментално држиме обука само за скијање.

За основни свиоци и совладување на основната техника за скијање на почетниците им се потребни од 2 до 4 дена.

Цена и услови

Вклучено во цена:

  • Цена за еднодневна ски школа на Попова Шапка
  • Професионална обука од лиценциран ски инструктор
  • Цена од 1.500 денари за 60 минути час - почетници, во група од 1-3 учесници

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до локацијата
  • Ски опрема

Локација

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Рецензии

Ако сте биле тука, споделете го вашето искуство со другите патници.

Сè уште нема рецензии. Бидете први.

Разгледајте повеќе луѓе

Види ги сите

Истражете дестинации

од1.500 ден