ХРИСТИНА ЈОРДАНОСКА: ИНСТРУКТОРКА ПО ЈОГА И ВОДИЧ НИЗ ПЛАНИНСКИТЕ УБАВИНИ

Резервирајте јога искуство со Христина на Галичица и Јабланица - Охридско Струшки регион. За да добиете понуда од инструкторот, треба да испратите барање со селектирање на датумот на кој сакате да се реализира и да очекувате одговор на мејл, смс и вибер во текот на денот. Практикувајте писмена резервација бидејќи така е побезбедно за вас и за домаќините.

За услугата

Христина е сертифицирана јога инструкторка со десетгодишно искуство во личниот развој и осумгодишна активна пракса во предавање јога. Нејзиниот пристап е интегрален, со фокус на Хата, Терапевтска и Крија Хата јога, но она што ја прави посебна е нејзината способност да ја пренесе јога праксата надвор од студиото – директно во срцето на природата.

За Христина, планините не се само дестинација, туку простор за длабока лична трансформација. Својата љубов кон хајкингот и свесното движење ја преточува во уникатни искуства кои ги нуди на сите оние кои бараат баланс, здравје и виталност.

Специјалности и вештини:

Јога стилови: Хата јога, Терапевтска јога, Крија Хата и Интегрална јога.

Активности на отворено: Организација на јога и хајкинг тури за домашни и странски посетители на Галичица и Јабланица - Охридско Струшки регион. 

Личен развој: Техники за свесност, медитација и работа на внатрешен фокус.

Зошто да вежбате со Христина?

Нејзината посветеност започнува уште во пет часот наутро со лична пракса, што и овозможува да пренесе автентична и смирена енергија на своите ученици. Најголемата вредност на нејзините часови и тури е видливата промена кај учесниците – од секојдневниот стрес до состојба на радост, свежина и внатрешен мир.

Достапност

Христина ги организира своите јога и хајкинг тури најчесто за време на викендите, а постои можност и за термини по претходен договор.

Цена и услови

Вклучено во цена:

  • Рид Олмец с. Велгошти Охрид – времетраење 4-5 часа –цена 6.000 денари до 10 лица
  • Велестово Охрид – времетраење 4 часа - цена 6.000 денари до 10 лица
  • С. Горна Белица – врв Црн Камен – Вевчанска Локва – времетраење 6-7 часа цена 9.000 денари до 10 лица
  • С. Тресонче Маврово – Тресонечки водопад – 4 часа цена 8.000 денари до 10 лица
  • Јога часови на отворено во Охридско-струшкиот регион – времетраење 90 мин - 3.000 денари до 10 лица
  • Може да организираме и јога и хајкинг тури на ваш предлог доколку имате друго омилено место, планина, село во југозападниот дел од Македонија.
  • Цената зависи од локацијата и времетраењето на настанот.

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до локацијата
  • Храна и пијалоци
  • Лични трошоци
  • Опрема

Локација

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Рецензии

Ако сте биле тука, споделете го вашето искуство со другите патници.

Сè уште нема рецензии. Бидете први.

Разгледајте повеќе луѓе

Види ги сите

Истражете дестинации

од3.000 ден