ЈОГА СО КАТЕРИНА – ДЛАБОКО ИСКУСТВО, МЕНТОРСТВО И ВИСОКИ СТАНДАРДИ

ЈОГА СО КАТЕРИНА – ДЛАБОКО ИСКУСТВО, МЕНТОРСТВО И ВИСОКИ СТАНДАРДИ. За да добиете понуда од инструкторот, треба да испратите барање со селектирање на датумот на кој сакате да се реализира и да очекувате одговор на мејл, смс и вибер во текот на денот. Практикувајте писмена резервација бидејќи така е побезбедно за вас и за домаќините.

За услугата

Јас сум Катерина, искусна јога учителка, едукатор и ментор, со децениска посветеност на јогата како систем за личен развој, свесно живеење и професионална едукација.

25 години лично искуство со јога
15 години активно водење јога часови
 E-RYT 500 – искусен регистриран јога учител во Yoga Alliance

Работам со различни стилови на јога и со различни категории на практиканти – од почетници до напредни, како и со идни јога инструктори.

ОБУКИ И ЕДУКАЦИЈА

Јас сум главен учител и ментор во:

  • обука за јога учители – 200 часа,
    организирана преку регистрирано школо во Yoga Alliance – Yoga School Delfy Spirit.

Обуките се темелат на:

  • квалитетна и структурирана програма,
  • длабоко разбирање на јога филозофијата,
  • професионален пристап кон телото, умот и енергијата,
  • менторска поддршка и личен развој.

Покрај јогата, работам и како:

  • тренер за личен развој (Clearing метод),
  • професор, едукатор и обучувач.

ЛОКАЦИЈА И ДОСТАПНОСТ

Базирана сум во Скопје, каде што работам во Јога Студио
Отворена сум за:

  • активности и обуки низ цела Македонија,
  • како и надвор од Македонија – по договор.

ОПРЕМА И ПРОСТОР

Јога Студиото располага со:

  • јога матови,
  • соодветна и професионална опрема за вежбање,

што овозможува комплетно и безбедно јога искуство во студио.


ПРИСТАП И ФИЛОЗОФИЈА

Мојата работа е насочена кон:

  • длабинско и свесно практикување на јогата,
  • лична трансформација и развој,
  • создавање стабилна основа за оние што сакаат да чекорат по патот на јога учителството.

Верувам во јогата како жив систем, кој ги интегрира телото, умот, емоциите и свесноста во секојдневниот живот.

ФОТОГРАФИИ И ОНЛАЈН ПРИСУСТВО

Достапни се фотографии од:

  • лична пракса,
  • јога часови,

Цена и услови

Вклучено во цена:

  • ЦЕНИ (ИНФОРМАТИВНО)
  • Цена во студио:
  • 50 евра по час
  • (максимум до 10 лица, во слободен термин)
  • Надвор од студио:
  • Цената се формира во зависност од локацијата, времетраењето и условите.

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до локацијата

Локација

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Рецензии

Ако сте биле тука, споделете го вашето искуство со другите патници.

Сè уште нема рецензии. Бидете први.

Разгледајте повеќе луѓе

Види ги сите

Истражете дестинации

од3.000 ден