Супер домаќин

Јога искуство со Кристина – свесен одмор за тело и ум

Јога искуство со Кристина – свесен одмор за тело и ум. Резервирајте јога искуство со Кристина. За да добиете понуда од инструкторот, треба да испратите барање со селектирање на датумот на кој сакате да се реализира и да очекувате одговор на мејл, смс и вибер во текот на денот. Практикувајте писмена резервација бидејќи така е побезбедно за вас и за домаќините.

За услугата

Здраво, јас сум Кристина, сертифициран инструктор по Кундалини јога со повеќедецениско лично и професионално искуство. Ве поканувам на автентично јога доживување кое можете да го вклучите како дел од вашата туристичка понуда, ретрит, тим-билдинг или личен одмор.

Локации каде работам

Моите јога искуства се достапни во:

  • Ресен, Преспа, Охрид и Скопје
  • Во Преспа и Скопје располагам со приватен имот, идеален за мирни и интимни јога сесии
  • Во Битола, Охрид и Ресен часовите се одржуваат на договорена локација (природа, сместување, студио, хотел)

Искуство и пристап

  • 15 години активна пракса на Кундалини јога
  • Претходно 10 години искуство со други стилови на јога
  • 10+ години активно предавам
  • Сертифицирана преку KRIYA Kundalini Yoga Teacher Training Course, регистрирана со Yoga Alliance
  • Работам со почетници, мали групи, како и со деца
  • Часовите ги водам на македонски и англиски јазик

Мојот пристап е топол, приземјен и прилагоден – секоја сесија ја обликувам според групата, просторот и намерата.

Цени (вклучена целосна опрема + чај ритуал)

Група до 5 лица:

  • 2 часа: 120 € (фиксна цена по група)
  • 3 часа: 150 € (фиксна цена по група)

По лице:

  • 2 часа: 25–30 €
  • 3 часа: 30–35 €

Во цената се вклучени: јога пракса, водена релаксација, работа со здив и чај ритуал за целосно заокружено искуство.

Опрема што ја обезбедувам

  • Јога душеци: до 10
  • Ќебиња, перници и реквизити: за 5–8 лица
  • Звучник за музика и мантри
  • Чај и простор за интеграција по часот

Вие доаѓате само со отворен ум – јас се грижам за сè друго.

Јога за деца

Организирам и јога часови за деца, целосно адаптирани на нивната возраст и енергија, со фокус на:

  • движење и игра
  • развивање свесност
  • релаксација и емоционална рамнотежа

Одлична опција за семејни одмори, кампови и едукативни програми.

Цена и услови

Вклучено во цена:

  • Група до 5 лица:
  • 2 часа: 120 € (фиксна цена по група)
  • 3 часа: 150 € (фиксна цена по група)
  • По лице:
  • 2 часа: 25–30 €
  • 3 часа: 30–35 €
  • Цената може да варира во зависност од групата и барањето

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до локацијата (може да се организира преку Кајак.мк)
  • Храна (Може со дополнителна доплата)

Локација

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Рецензии

Ако сте биле тука, споделете го вашето искуство со другите патници.

Сè уште нема рецензии. Бидете први.

Разгледајте повеќе луѓе

Види ги сите

Истражете дестинации

од1.537 ден