Моментално не работи Се изнајмува цело сместување

Викендица во Љубаништа со поглед на Охридското Езеро

Ohrid

Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.

Што нуди ова место

Макс. Капацитет: 4
Кревети: 4
Check In: 14:00
Check Out: 12:00
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi

За сместувањето

Викендичката нуди удобен сместувачки капацитет за 3+1 лице (3 возрасни и едно дете). Опремена е со купатило, кујна, спална соба, како и веранда која нуди простор за дневен престој и трпезарија, сето тоа со прекрасен поглед на Охридското Езеро и Манастирот Свети Наум.

Лоцирана во идиличното село Љубаништа, само 2 километри од Свети Наум и плажата во близина на автокампот Љубаништа, викендичката е совршена за оние кои сакаат да уживаат во природата и релаксацијата, а истовремено да бидат блиску до значајни атракции. Од тука, лесно можете да го посетите Манастирот Свети Наум, кој е познат по својата духовна и историска вредност, како и да се опуштите на убавата плажа на Љубаништа, која е идеална за пливање и водени спортови.

Секоја од спалните соби има поединечни кревети со можност за спојување, додека кујната е опремена со електрично и плинско решо, како и соодветен прибор за јадење и садови за приготвување на вашите омилени јадења.

Сместувањето е достапно за пријава по 14:00 часот, а одјавувањето е најдоцна до 12:00 часот. Со претходен договор со сопственикот, гостите ќе бидат пречекани и ќе добијат клучеви од викендичката. Ако се задржат повеќе од 7 дена, постелнината ќе биде променета, додека пешкири гостите се бара да донесат сами.

Со ова сместување, ќе имате можност да уживате во мирот и тишината на природата, но истовремено да сте блиску до многу атракции, како што се Манастирот Свети Наум, пешачките патеки во околината, и бројни водени активности на Охридското езеро.

Цена и услови

Вклучено во цена:

  • Цена за наем на цел објект од ноќевање
  • Приватен паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Клима
  • Интернет
  • Транспорт до локацијата на објектот
  • Храна

Локација

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Рецензии

Ако сте биле тука, споделете го вашето искуство со другите патници.

Сè уште нема рецензии. Бидете први.

Разгледајте повеќе сместувања

Види ги сите

Истражете дестинации