Супер домаќин Се изнајмува цело сместување

Вила во село Орман: Идеална за одмор со цело друштво

Ohrid

Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.

Што нуди ова место

Max. Capacity: 20
Beds: 20
Check In: 14:00
Check Out: 11:00
Air Conditioned
Parking
Wi-Fi
Clean Air

За сместувањето

За сместувањето

Вилата се наоѓа во периферијата на село Орман, опкружена со природа и сместена во мирна рурална средина. Локацијата е идеална за одмор, рекреација и престој со семејството, а истовремено овозможува лесен пристап до градот.

Апартмани и капацитет

Објектот располага со 7 апартмани, со вкупен капацитет за 20 лица.

3 двокреветни апартмани – со брачен кревет.

1 трокреветен апартман – со брачен и еден единечен кревет.

2 четворокреветни апартмани – со брачен и два единечни кревети.

1 петтокреветен апартман – со брачен и два единечни кревети.

Секој апартман располага со посебна кујна, тоалет, балкон и Wi-Fi. Кујните се целосно опремени за самостојна подготовка на оброци.

Содржини и удобности

На гостите им се достапни Wi-Fi, приватен паркинг за сите гости, скара и летниковци. Во рамки на објектот има и спортско игралиште, а достапен е и простор за оставање велосипеди.

Греењето и ладењето се обезбедуваат со клима уреди.

Локација и околина

Сместувањето се наоѓа во мирна рурална област, недалеку од реката Даљан. Околината е погодна за одмор, рекреација и престој со деца, како и за оние кои сакаат да уживаат во рурална атмосфера и агротуризам.

На само 150 метри од вилата се наоѓа современо детско игралиште.

Плажата е оддалечена 2 километри, односно околу 5 минути со автомобил.

Центарот на градот е оддалечен 3 километри, односно околу 7 минути со автомобил.

Една од главните предности на локацијата е можноста да се избегнат градската гужва и врева, додека истовремено сте во непосредна близина на градот и неговите содржини.

Пријавување и одјавување

Check-in е од 14:00 часот. Доколку апартманот сè уште не е подготвен, гостите можат претходно да го остават багажот во објектот.

Check-out е до 11:00 часот.

Клучот се подига директно од домаќините на вилата.

Дополнителни информации

Постелнината и пешкирите се менуваат по желба на гостите.

Сместувањето не дозволува престој на домашни миленици.

Вкупниот број на кревети во објектот е 20, со максимален капацитет за 20 лица.

Цена и услови

Вклучено во цена:

  • Цената зависи од типот на апартманот:
  • Двокреветен апартман: 1.500 денари
  • Трокреветен апартман: 2.000 денари
  • Четворокреветен апартман: 2.200 денари
  • Петтокреветен апартман: 2.500 денари
  • Цените се однесуваат на ноќевање по апартман.
  • По договор може да се додаде и кревет со симболична доплата од 300 денари
  • Греење/Ладење
  • TV/Wi-Fi
  • Паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Локација

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Рецензии

Ако сте биле тука, споделете го вашето искуство со другите патници.

Сè уште нема рецензии. Бидете први.

Разгледајте повеќе сместувања

Види ги сите

Истражете дестинации

од1,650 mkd