Odlicno! Kukjata e preubava i golema, dvorot isto, sopstvenicite kulturni i fini. Preproraka 10/10
Вила на врвот на Пештани
Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Што нуди ова место
За сместувањето
Сместувањето се наоѓа на највисоката точка во Пештани и ви го нуди најдобриот поглед кон езерото и планината.
Вилата располага со 2 дневни соби од кој едната е уредена во рустичен стил со камин, фул опремена голема кујна, 3 купатила и дополнителен тоалет, 5 спални соби, 3 балкони и 3 големи тераси и огромна зелена градина.
Максималниот капацитет е за 10 луѓе.
Доколку немате потреба од цела вила, секако може да изнајмите апартман или бунгалов во истата.
Секако има и бесплатен паркинг, бесплатен интернет и тв со Netflix и кабелска Max tv.
Апартманите се
целосно опремени. Во нив има 2 внатрешни кујни во куќата и две надворешни.
Внатрешните кујни се целосно опремени.
Вилата има wi-fi.
Располага со свој приватен паркинг
кој го има пред самата вила. Во околината
се наоѓаат повеќе ресторани, аптека и маркети.
Вилата ви нуди неверојатен поглед
од вашата тераса кон Охридското Езеро, планината Галичица и прекрасното
Пештани.
Исто така, покрај
самата вила поминува мала река, покрај која има простор за одмор, кое е дефинитивно
совршено место за утринско кафе.
Вилата има огромна зелена градина, има 4
големи тераси со поглед кон
езерото и планина, исто така
вилата има затворена тераса со камин во рустичен стил, а исто
така има и камин на отворено кој е идеален за подготовка на вашата храна.
Дневните соби се модерно уредени и во целост опремени за
вашите потреби. Сместувањето ви нуди: Комфор, удобност и квалитет и
секако најбитното да се чувствувате како дома. Таа се наоѓа во тивка област и е највисоката точка во Пештани. Соседството на вилата е тивко.
Сместувањето е по 13.00 часот.
Објавувањето е до 10.00 часот.
Клучот се подига
од домаќинот, којшто е секогаш тука да помогне за било што.
Дозволено е чување
на миленици само во дворот,
но не и во внатрешните простории на вилата. Вилата има простор за чување на велосипеди.
Пештани има одлична географска положба. Се наоѓа помеѓу Охрид и Св. Наум. Исто
така во близина на вилата е и музејот на вода "Заливот на коските"
оддалечен само 4 км од Пештани. Секако тука е и националниот парк Галичица.
На подолг период се менуваат пешкирите и постелнините.
Цена и услови
Вклучено во цена:
- Цена за наем на цела куќа е околу 20000 денари за 10 лица од ноќ
- Цените варираат во зависност од периодот и бројот на ноќевања
- Паркинг
- Wi-Fi
- Клима
- Греење
- Машина за алишта
- Кабловска
Не е вклучено во цена:
- Транспорт
- Храна
Локација
*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.
Рецензии
Pocituvani Dali e slobodna vilata za period 22-25 april , i koja e cenata za 4 vozrasni i 5 deca