Вкупно 4259 искуства од патници и гости

Местото е прекрасно, посебна убавина е зајдисонцето штета што неможам да прикачам слика. Одлични домаќини, љубезни и гостопримливи. Вилата е опремена со се што ви треба, дворот со базенот и скарата нуди преубава атмосфера. Секако дека ви го препорачувам, ако може да ја оценам вилата има 9,95 од 10 :)

12.08.2026 21:01

Ептен добро е за релаксирање и оладување во летен период. Подобро ќе биди ако има далеку подобар пат до местото, планински пат каде една кола можи да вози и плус е надраснат со вегетација но ова е надвор од контрола на хотелот. За работи кои се во контрола на локалот креветите за спиење да не крцкаат и да бидат покомотни исто така да има темни завеси кои блокираат светлина.

12.08.2026 10:00

Навистина прекрасно место. Вилата беше чиста и снабдена со сѐ (буквално промислено до најситните детали). Се гледа дека е уредувано со многу љубов и внимание. Изобилува со толку топлина и шарм што не сакавме да си заминеме. Дворот е преубав и огромен за што нашето куче беше особено среќно. Исто така домаќинот е многу љубезен и ни донесе превкусен зелечук од својата градина. Сигурна сум дека ќе се вратиме и во некое друго годишно време.

09.08.2026 21:26

Домаќините се истакнуваат со професионалноста. Се гледа дека се решиле сериозно да се занимаваат со оваа работа. Брз одговор на пораките, јасна, елоквентна комуникација, со сите неопходни информации, па и со дополнителни што може да бидат од интерес. Ги задоволија сите наши барања, дури и тие што други би ги оцениле како разгалено извољевање. Природата е исклучителна, човек се чувствува како реката да е само негова. Куќата е одлично опремена со сите потрепштини, вклучително и кујната.

09.08.2026 16:16

Sakam da rezerviram bungalov za 2 lica od 24 Avgust,dali ima slobodni mesta i koi tetmini,Blagodaram odnapred

08.08.2026 15:00