Вкупно 4259 искуства од патници и гости

Прекрасно сместување! Интимно, а сепак не изолирано. Дворот со преубава надстрешница, надворешна кујна со сите потребни алатки, садови, комотен, со телескоп, lazy bags, тросед, фотељи, маса за јадење, прожектор за гледање филмови навечер...Како надворешна дневна соба со сите удобности. Базенче за ладење, дрва со овошки, бавча, скара на дрва, фурна. Се, буквално се има. Внатре, чисто, убаво, со фул опремена кујна, комотен фрижидер, комотни чисти купатила, климатизирано, wifi, телевизори. Најголема 10-ка за домаќинот, кој што освен за се размислил и се направил за да ти биде максимално убаво, згора на тоа е пријатен, љубезен, за се излегува во пресрет. Дефинитивно огромна препорака за сите а ние сигурно ќе дојдеме пак. ❤️

29.08.2026 09:32

Марко Петрушевски Моја Куќа: Аеродром

Катастрофа, пљачка Ја и мојот пријател порачавме салата и добивме 200грама или пола патлиџан со малце кроми и ни рекоа дека е тоадвојна салата и наплатија 380 ден плус кисела вода 0.7 150денара. Па барем да беше вкусно за тие пари,пљачката ќе беше оправдана. Ќе си отидеш гладен, а си должен сите пари шо ги имаш да ги остаиш

28.08.2026 01:53

Во собата немаше ништо и не беше исчистена. Плативме екстра за соба до џакузи а нема топла вода. Не можевме ни да се истушираме, а не пак да го користиме џакузито. Прегласна музика на базенот и ресторанот, а си платил за мир во природа. Објектот е добар, но очигледно менаџментот е многу лош. И покрај договорената цена на и фактурата на Кајак, на лице место плативме повеќе. Работат само со кеш и нема ни фискални сметки ни фактури.

26.08.2026 15:49

Марјан Николовски Буковска- пипер: Буково

Не оставајте понуди ако не се во функција. Следете што се случува.

25.08.2026 20:01

Прекрасна вила, која со задоволство би ја посетиле повторно! Сè беше беспрекорно чисто и уредно, а вилата е опремена со сè што ви е потребно, вклучувајќи ги и сите неопходни намирници. Домаќините беа исклучително гостопримливи, љубезни и секогаш достапни доколку ни требаше нешто. Посебно нè воодушеви прекрасната природа и мирот што го нуди локацијата. Сè на сè, прекрасно искуство и одлично место за вистински одмор и уживање. Топла препорака!

24.08.2026 23:07

Сместувањето е исто како што е објавено. Најдобрата работа беа домаќините. Љубезни, грижливи, достапни за комуникација и помош на своите гости. Дефинитивно ќе се вратиме повторно. Оценка, чиста 5ка.

24.08.2026 20:45

Прекрасно место за вистински одмор! 🏡✨ Вилата е чиста, уредна и многу пријатна, а базенот е одличен и совршен за опуштање. Околината е мирна и нуди целосна приватност, идеално за бегство од градската гужва. Домаќините се љубезни и гостопримливи и се погрижиле да имаме сè што ни е потребно. Поминавме прекрасно и со задоволство би се вратиле повторно. Топла препорака! ❤️🌿🏊‍♀️

24.08.2026 09:24

Katerina Matikj ATV Skopje Off-road

Site pofalbi !!! Od organizacija, teren, vidikovec i super profesionalen vodič. Ednostavno morate da ja probate ovaa 💯 % Skopska avantura!

23.08.2026 19:20