Вкупно 4259 искуства од патници и гости

Прекрасно место за одмор и бегство од секојдневието. Чисто, топло и многу удобно сместување со прекрасен поглед кон природата. Мир, тишина и свеж планински воздух совршена комбинација за вистинско опуштање. Домаќините беа љубезни и секогаш достапни. Храната вкусна и домаќински приготвена. Топла препорака за сите што сакаат одмор во природа!

25.05.2026 10:44

Благодарам на домаќините, преуслужливи и секогаш тука за сѐ што и да ви затреба. Собите се чисти и опремени со сѐ што му треба на едно семејство. Кујна опремена, купатило, фен…. Погледот од горе преубаб, досега до Охридското езеро. Градината е рај за душа, мир и спокој, место што остава без здив. Вевчани е приказна за себе, треба да се доживее, ретка убавина во нашата држава. Ви благодарам за сѐ!

23.05.2026 12:42

Алексеј Рашко

12.05.2026 13:55

Куќата во живо е дури и поубава отколку на сликите, околината и погледот од балконот прекрасни. Имаше буквално сѐ што ти е потребно внатре, половина од работите непотребно ги влечкавме со нас. Сопственичката прељубезна и постојано на располагање. Ќе ја препорачаме вилата на сите пријатели и дефинитивно повторно ќе се вратиме!

10.05.2026 09:55

Прекрасна вила и прекрасни домаќини. Времето беше ладно, каминот постојано гореше и постојано беше топло во сите простории благодарение на сопствениците. Природата преубава, погледот уште поубав. 10/10

07.05.2026 10:53