Вкупно 4259 искуства од патници и гости

Позитивни страни Кожув: - Чист и свеж воздух (навечер и наутро бевме облечени во долги тренерки и дуксер); - Звук на дожд од реката, постојано; - Шума, цвеќиња, секакви растенија; - Навечер покрај реката имаше инсекти-светулки; - Рано наутро се слушаа како трчаат верверичките на покривот; Сместување (вила и домаќини): - многу чисто; - домаќините ни пратија и видео пред да тргнеме со прецизни насоки на движење откако се навлегува во населбата; - не известија за сите важни информации, на пример дека ресторанот во работни денови не е отворен, дека има комарци, пристапноста до местото, каде да внимаваме на патот - насоки кои многу ни значеа; - Горниот кат каде што е проекторот беше омилен на децата, навечер гледавме филм како на кино; Негативно: Тоа што имаше комарци, но свесни бевме за тоа и со Аутан немавме проблем.

26.06.2026 21:00

Чиста 5ка. Супер место за одмор, локација покрај сама река, идеално за пиење на утринското кафе на столче на самата карпа над реката... Вила снабдена со се што би посакале и што би имале потреба за уживање, дури и полн фрижидер со храна и пијалоци, подарок од сопствениците... Убаво, чисто, постелнина/пешкири што мирисисаат на чистина и свежина... Идеално место за скара пред неа, супер околина за прошетка, кино пред спиење... Сопственици што знаат како треба да се пречека гостинот, со повеќе од детални инструкции за престојот да биде совршен... Дефинитивно препорака за посета.

26.06.2026 16:59

Trajche Stojanov ATV Skopje Off-road

Одлично искуство! Топло им го препорачувам на сите што сакаат авантура и уживање во природа. Водичот беше одличен – многу љубезен, трпелив и професионален во текот на целата тура. ATV возилата беа во одлична состојба, лесни и едноставни за управување, дури и за почетници. Трасата по која се движевме беше прекрасна, а природата околу нас едноставно остава без зборови. Сè беше одлично организирано и надмина мои очекувања. Севкупно, фантастично искуство кое со задоволство би го повторил и го препорачувам на сите!

22.06.2026 10:38

Марјан Иваноски Вила во Никифорово

Вилата, која е опкружена со зеленило, е пространа и опремена со се што е потребно за комфорен престој. Дворот е преубаво уреден од тревник до цвеќиња и реквизити за деца, како и прекрасно среден летниковец за дружба кој има фантастичен поглед. Домаќините се срдечни и топли луѓе кои прават се' да не се чувствувате како гости туку како во своја куќа и секако приватноста е загарантирана. Местото е прекрасно и го препорачувам за секој кој сака мир, чист воздух и вистински одмор. Оценка 10/10.

21.06.2026 17:41

Местото е рај на душата, домаќините многу гостопримливи, дефинитивно ќе го посетиме пак.🍀

14.06.2026 13:22

Prekrasno smestuvanje so site udobnosti za komoten i prijaten pomin. Cista postelnina, cisto i uredno e se, kujna snabdena so site potrebstini, duri hrana i pijaloci ostaveni novi i samo sto kupeni, bez nadoknada, prekrasen ambient nadvor, odma do reka, privatnost celosna, deca presrekni zaradi netlfix proektor i biljard masa, kompletno zadovolni i go preporacuvam 100 posto za uzivanje, relaksiranje no i zabava i druzenje

14.06.2026 09:51