Вкупно 4259 искуства од патници и гости

Пред се би сакале да се заблагодариме со топлото добредојде од страна на домаќините со своите домашни продукти од нивната градина, и убавата жолта домашна ракија! Не пречекаа прекрасно оганизирано, одлично на секој можен план! Вилата е опремена со се што е потребно за да се опушти човек, да зготви како дома и да се чувствува комфорно. Топло добредојде за сите и за секого, препорачано ако сака навистина одмор и релаксирање. Реката чиста со големи и мали ракчиња и целото опкружување е преубаво! Чиста 10ка. Омилена локација за повторно одење на одмор! За нас тоа беше најубавот одмор до сега.!

31.07.2026 11:51

Добивте 5. Се излезе како што резервиравме и договоривме. Можеби треба повеќе информации за самото место, постоење на плажа, маркети и слично но севкупно е добро. Продолжете уште подобро

25.07.2026 00:31

Местото преубаво погледот од терасата волшебен исто како и на сликите во апартманот чисто уредно на највисок можен начин а за сопствениците немам зборови прекрасни луѓе фини секогаш насмеани и секогаш достапни да ви помогнат на било кој начин, сега кога ќе се вратам знам кај да одам пак топла препорака до сите нема да зажалите ако се одлучите за овој комплекс голем поздрав до сопствениците продолжете така❤️

20.07.2026 20:08

Вилата е прекрасна, целосно опремена со се што може да ви затреба, нема ни една маана. Базенот совршен, локацијата прекрасна... децата си поминаа најубаво, големите си поминаа најубаво, дефинитивно ќе се вратиме пак

20.07.2026 09:41