Вкупно 4259 искуства од патници и гости

Зоран Савески Apartments: Крушево

Престојот во апартманот за време на продолжениот викенд беше навистина пријатен. Просторот беше чист, топол и комотен, со сè што е потребно доколку сакате да готвите сами. Дополнително, во непосредна близина се наоѓа гостилницата „Крушевска одаја“ и пекара, а центарот на градот е на само 600 метри, каде што има поголем избор на гостилници и други пекари. Локацијата е одлична – на чекор ви се Македониумот, музејот на Тоше Проески и Крушевското езерце кое нуди прекрасна прошетка во природа. Сместувањето е идеално за оние што сакаат комбинација од удобност и лесен пристап до културните и природните знаменитости на Крушево.

22.03.2026 13:24

Преубав амбиент , мирно , тивко место , вилата чиста , не ви треба ништо дополноно за носење ( пешкири , прибор , санитарија ) топло ја препорачувам , вреди да се посети

22.03.2026 00:03

Феноменално! Рај за очи, мелем за душа. Супер услуга, прекрасна храна и преубави соби. 10/10

16.03.2026 01:35

Ѓорги Спасевски Осоговска Куќа

Мирно и средено, совршено за бегство од градските гужви. Топла препорака да се посети

15.03.2026 09:26

Апартманот со џакузито е навистина убав. Има убав поглед на езерото со убава природа. Вилата поседува ресторан кој ви е на располагање цело време. Луѓето кои работат овде се многу љубезни и гостопримливи. Голема препорака.

08.03.2026 09:36