Вкупно 4259 искуства од патници и гости

здраво јас сум АНдреј Николовски од Битола имам завршено средно угостителско за кувар барам работа во хотелот за помошник кувар

31.05.2026 19:03

Одлична локација во близина на езерото. Апартманот е прекрасен, удобен, многу чист, со мала кујна комплетно опремена. Има тераса со одличен поглед на шума. Домаќинот љубезен. Се на се, пофалба во секој поглед.

31.05.2026 16:31

Од цената што требаше да е платам, на рецепција ми кажаа 200 денари повеќе и Незнам зошто е тоа така, на таа цена можеше да има некој ладен сендвич

31.05.2026 09:08

Катериа Стојановска Вила во Михајлово: Кожуф планина

Чиста 10 ка , услуга одлична , амбиент одличен , чист воздух полни гради , мир , тишина . Најтопло го препорачувам , вреди да се посети .

31.05.2026 00:03

Емилија Петрушевска Осоговска Куќа

10/10! Супер место, чисто, мирно, со многу убава природа околу. Персоналот е љубезен и гостопримлив. Би оделе повторно!

29.05.2026 07:01

Прекрасен поглед. Мирно и спокојно место, а сепак блиску до градот. Чисто и уредно. Домаќинот секогаш е достапен за нешто ако ви е потребно. Забелешка добронамерна е да се обноват садовите во кујната.

25.05.2026 19:59

Прекрасно место за одмор и бегство од секојдневието. Чисто, топло и многу удобно сместување со прекрасен поглед кон природата. Мир, тишина и свеж планински воздух совршена комбинација за вистинско опуштање. Домаќините беа љубезни и секогаш достапни. Храната вкусна и домаќински приготвена. Топла препорака за сите што сакаат одмор во природа!

25.05.2026 10:44