16.02.2026 13:54
Форум со искуства
16.02.2026 12:09
Во вилата бевме две ноќевања и задоволни сме. Бевме сместени во собата со кујна. Пространа дневна со комфорен кауч и телевизор и четири кревети од кои два споени како спална. Кујната е посебна просторија, има едно поголемо решо за готвење што нас ни беше доволно и голема кујнска маса. Има и посебен балкон од остатокот од сместувањето. Се беше уредно и чисто. Блиску до центарот на 5-6 мин.пешки. Кога би дошле повторно во Крушево повторно би се сместиле тука.
16.02.2026 12:08
16.02.2026 09:56
Одлични домаќини. Хигиената е на високо ниво. Би дошле пак. Исто е како на сликите.
16.02.2026 08:34
16.02.2026 07:32
16.02.2026 00:48
16.02.2026 00:20
16.02.2026 00:11
Вилата е одлична, супер опремена за краток или подолг престој:)
15.02.2026 16:55
15.02.2026 16:50
Вилата е на прекрасна локација со преубав поглед, но мислам дека треба да се подобри услугата за сумата која ја бараат. Ние бевме во апартманот со џакузи кој има не така скромна сума од ноќ, а сепак фалат многу "основни" работи. Освен сапун за раце и тоалетна хартија друго нема ништо за лична хигиена. Wi-Fi немаше барем во тоај апартман каде што бевме ние, и најголем проблем е водата. Со многу слаб притисок на топлата вода која се чека подолго време да "дојде". Бањата и постелнините беа чисти, додека подот и не толку, а исто немаше ниту метла или џогер да може да се исчисти. Резервацијата беше со појадок, но појадокот е само 4 можни опции, од кои: омлет, пржени "рибанки", тост и јајце на око. Во доручекот немаше вклучено ни вода ниту пак кафе. Доколку си нарачаш си го плаќаш по иста цена како во ресторан. Во апартманот имаше само фрижидер, немаше ниту чаши за вода и било каков прибор, така да не е возможно ниту да си стоплите вода за кафе или пак млеко доколку сте со мало дете или бебе. Вработените беа фини и културни.
15.02.2026 15:35
15.02.2026 14:12
15.02.2026 13:14
15.02.2026 11:34
15.02.2026 08:35
15.02.2026 00:30
Preubavo mesto ,dlaboka suma za cist vozduh i mirno mesto za odmor i rekreacija samo uste da imase sneg🥰Sto se odnesuva do vilata moze malce da se poraboti na higienata vo odnos na cisti postelni,kujna i kunjski pribor.isplatlivo vo odnos na mestoto 4 a za vilata 3
15.02.2026 00:04
Презадоволни сме од престојот! 😊 Предобро си поминавме, атмосферата беше прекрасна и навистина се чувствувавме како дома. Куќата беше вистинска домаќинска – чиста, средена и опремена со сè што ни беше потребно. Имаше комплетен прибор, па дури и кафе и шеќер, што навистина ни значеше и ни го направи престојот уште поубав. Сè беше организирано одлично и без никакви проблеми. Дефинитивно би препорачале и би дошле повторно!
15.02.2026 00:03
15.02.2026 00:02