Вкупно 4259 искуства од патници и гости

Biljana Smilevska Mountain Cabins in Macedonia

Prekrasno! Familijaren biznis .Cisto ,udobno ,vkusna i obilna hrana ,mnogu ljubezni domakini . Borova shuma i pateki za pesacenje. Preporacuvam !

30.08.2026 09:52

Се што ви е потребно за удобен и пријатен престој со прекрасен поглед и секако љубезниот сопственик е тука да ве пречека и да ви помогне за се што ви е потребно! 😍 Дефинитивно се враќаме 5/5

30.08.2026 09:12

Прекрасно сместување! Интимно, а сепак не изолирано. Дворот со преубава надстрешница, надворешна кујна со сите потребни алатки, садови, комотен, со телескоп, lazy bags, тросед, фотељи, маса за јадење, прожектор за гледање филмови навечер...Како надворешна дневна соба со сите удобности. Базенче за ладење, дрва со овошки, бавча, скара на дрва, фурна. Се, буквално се има. Внатре, чисто, убаво, со фул опремена кујна, комотен фрижидер, комотни чисти купатила, климатизирано, wifi, телевизори. Најголема 10-ка за домаќинот, кој што освен за се размислил и се направил за да ти биде максимално убаво, згора на тоа е пријатен, љубезен, за се излегува во пресрет. Дефинитивно огромна препорака за сите а ние сигурно ќе дојдеме пак. ❤️

29.08.2026 09:32

Прекрасна вила, која со задоволство би ја посетиле повторно! Сè беше беспрекорно чисто и уредно, а вилата е опремена со сè што ви е потребно, вклучувајќи ги и сите неопходни намирници. Домаќините беа исклучително гостопримливи, љубезни и секогаш достапни доколку ни требаше нешто. Посебно нè воодушеви прекрасната природа и мирот што го нуди локацијата. Сè на сè, прекрасно искуство и одлично место за вистински одмор и уживање. Топла препорака!

24.08.2026 23:07

Сместувањето е исто како што е објавено. Најдобрата работа беа домаќините. Љубезни, грижливи, достапни за комуникација и помош на своите гости. Дефинитивно ќе се вратиме повторно. Оценка, чиста 5ка.

24.08.2026 20:45

Прекрасно место за вистински одмор! 🏡✨ Вилата е чиста, уредна и многу пријатна, а базенот е одличен и совршен за опуштање. Околината е мирна и нуди целосна приватност, идеално за бегство од градската гужва. Домаќините се љубезни и гостопримливи и се погрижиле да имаме сè што ни е потребно. Поминавме прекрасно и со задоволство би се вратиле повторно. Топла препорака! ❤️🌿🏊‍♀️

24.08.2026 09:24