Вкупно 4259 искуства од патници и гости

Прекрасно место за вистински одмор и релаксација! Вилата во Горна Белица е совршена за сите што сакаат да побегнат од градот и да уживаат во мир, природа и прекрасни глетки. Вилите се нови, модерни, беспрекорно чисти и прекрасно уредени, со сè што е потребно за удобен престој. Се чувствува дека е посветено внимание на секој детал – од уредувањето и удобноста, па сè до атмосферата во која се чувствувате како дома. Еден од најубавите моменти е неверојатниот поглед кон планината и Охридското Езеро. Посебно искуство е будењето и гледањето на изгрејсонцето директно од постелата – глетка која навистина се памети. Локацијата е прекрасна, опкружена со чиста и недопрена природа, свеж планински воздух и мир. Во непосредна близина е планината Јабланица, со маркирани пешачки патеки и можност за посета на прекрасни планински езера, што ја прави вилата одлична база и за планинарење и активен одмор. Чиста природа, удобна и нова вила и погледи што се паметат. Топла препорака и дефинитивно место на кое со задоволство би се вратиле повторно!

07.09.2026 14:13

Билјана Гершановска Дрвена викендица во село Крњево

Прекрасна дрвена куќичка на мирно место со убава природа. Има се што е потребно за пријатен престој. Се беше одлично и со задоволство ја препорачуваме за фамилијарен одмор.

31.08.2026 16:25

Вилата е на супер локација, многу блиску до Куманово. Опремена е со многу садови, маси, столици.. Исто така се е ново и чисто. Домаќините се одлични за соработка. Топла препорака

31.08.2026 13:05

Одлични домаќини! Локацијата извонредна. Идеално за семејства кои сакаат да се зближат или пак за друштва за релаксација. good Value for money!

31.08.2026 09:44