Александар: Ски инструктор на Нижеполе

Резервирајте ски инструктор на Нижеполе. Александар можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. Селектирајте за кои датуми ви е потребна ски обука и за колку лица. Очекувајте одговор во текот на денот на ваш смс, мејл и вибер. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за инструкторите.

За услугата

Здраво јас сум Александар ски инструктор на ски центарот во Нижеполе. Организирам обука за скијање за деца која е идеална за да ги запознаеме најмалите со радостите на зимските спортови. Нашата програма е дизајнирана за почетници и за мали скијачи кои сакаат да ги подобрат своите вештини.

Часовите се реализираат од мојот тим лиценциран ски инструктори, кои преку забавни и безбедносни методи ги учат учениците на основите на скијањето, одржување рамнотежа, правилно држење на телото, сртување и запирање.

Покрај учењето, акцент ставаме и на забавата, дружењето и уживањето во снежната магија. Секое дете напредува во свој рита, со постојана поддршка и охрабрување.

Со нашата обука, вашето дете ќе стекне самодоверба, физичка активности и љубов кон природата. Приклучете се и дозволете му на вашето дете да стане вистински скијач.

Обуката е во Нижеполе од 10 до 13 часот.

Може да се дојде со сопствена опрема, а може и да се изнајми од ски центарот. Цената на ски опремата се движи околу 400 денари, а за оние кои сакаат превоз организираме и превоз од Битола по цена од 300 денари.

Школата е идеална за дечиња над 5 години. Од 5 до 7 се потребни да се научат основите на скијањето.

Јас сум професор по физичко и здравствено образование и лиценциран ски инструктор.

Цена и услови

Вклучено во цена:

  • Цена за еднодневна школа е 700 денари од лице
  • Порофесионална практична настава
  • Лиценцирани инструктори

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до ски центарот во Нижеполе (Може организиран превоз од Битола со доплата од 300 денари)
  • Храна
  • Опрема (може со доплата од 400 денари)

Локација

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Рецензии

Ако сте биле тука, споделете го вашето искуство со другите патници.

Сè уште нема рецензии. Бидете први.

Разгледајте повеќе луѓе

Види ги сите

Истражете дестинации

од700 ден