ЈОГА СО СОФИЈА – СВЕСНА ПРАКСА ВО ЛОКАЛНАТА ЗАЕДНИЦА

Резервирајте јога искуство со Софија. За да добиете понуда од инструкторот, треба да испратите барање со селектирање на датумот на кој сакате да се реализира и да очекувате одговор на мејл, смс и вибер во текот на денот. Практикувајте писмена резервација бидејќи така е побезбедно за вас и за домаќините.

За услугата

Јас сум Софија, сертифицирана јога инструкторка со современ, топол и пристапен стил на работа. Моето јога патување започна во 2017 година, а во април 2025 година станав официјално сертифицирана јога инструкторка.

На почетокот држев часови во јога студио во Скопје, а од август имам и сопствено, официјално регистрирано јога студио, каде што се гради стабилна и поддржувачка јога заедница.

 

ЛОКАЦИЈА И ДОСТАПНОСТ

  • Живеам во Општина Петровец, а моите часови редовно ги посетуваат практичари од:
  • Илинден
  • Колонија
  • Р’жаничино
  • Петровец
  • Достапна сум за активности во овој регион, како и пошироко во Скопскиот регион, зависно од типот на настанот и организацијата.

 

 ЈОГА ПРАКСА И ПРИСТАП

  • Мојата работа е насочена кон:
  • свесно движење,
  • правилно и безбедно изведување на пози,
  • создавање пријатна атмосфера за учење и опуштање.
  • Часовите се прилагодени и за почетници, но нудат и можност за постепено продлабочување на праксата.

 

ОПРЕМА И ОРГАНИЗАЦИЈА

Располагам со целосна јога опрема, вклучувајќи:

  • јога матови,
  • јога блокчиња,
  • каишчиња,
  • ќебиња,
  • перничиња за колена.
  • Цената се формира според повеќе фактори, како што се:
  • трошоци за превоз (гориво или такси),
  • користење на реквизити за вежбање,
  • број на учесници и времетраење на активноста.

 

ИНФОРМАТИВНА ЦЕНА

  • Со груба пресметка, цена за:
  • 2 часа јога активност
  • група од 5 лица
  • изнесува околу 2.000 денари.
  • (Цената е информативна и може да варира во зависност од условите и локацијата.)

 ФИЛОЗОФИЈА

  • Мојата цел е да создадам безбедна, топла и поддржувачка средина, каде што секој практичар ќе може да се поврзе со сопственото тело, здив и моментот – без притисок и со почит кон личните граници.

Отворена сум за соработка за:

  • локални јога настани,
  • групни часови,
  • јога искуства во заедницата и природата.
  • Со задоволство очекувам можност за понатамошна комуникација и заеднички активности.

Цена и услови

Вклучено во цена:

  • Цената зависи од вашите барања

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до локацијата

Локација

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Рецензии

Ако сте биле тука, споделете го вашето искуство со другите патници.

Сè уште нема рецензии. Бидете први.

Разгледајте повеќе луѓе

Види ги сите

Истражете дестинации

Цена на барање