Никола: Ски инструктор на Пониква

Резервирајте ски инструктор на Пониква. За да добиете вкупна понуда од Никола потребно е да испратите барање со селектирање на датумите. Откако ќе испратите барање ќе добиете одговор во текот на денот на ваш мејл, смс и вибер со вкупна цена. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.

За услугата

Здраво, јас сум Никола. Ски интруктор на ски центарот на Пониква. Со мојот тим нудиме часеви за изучување на скијањето. Заедно со мене е и мојот тим составен од, професори инструктори Станкица, Сашко и Александар.

Ски часевите ги нудиме за секоја возраст, почнувајќи од деца на 3 години.

Часевите со еден ски инструктор траат до 60 минути.

Учениците може да дојдат со нивна опрема, а може и без нивна опрема бидејќи ние нудиме и опрема за скијање и санкање во нашата ски школа. Цената за ски опрема е 300 денари за деца до 15 години и 400 денари за над 15 години. Сноубор изнајмување е 400 денари, санките се 200 денари. Цените се за еден ден.

За тоа колку време можеби е потребно едно дете да се научи да ские, би рекол во зависност од детето но од 3 до 10 дена и колку часови во текот на денот ќе се ские.

Цена и услови

Вклучено во цена:

  • Цена за еден час ски обука индивидуално е 1500 денари
  • Цена за еден час обука за групно скијање е 700 денари
  • Цената може да варира во зависност од колку часа во денот ќе се ские
  • Професионална обука

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до Пониква
  • Ски опрема
  • Храна

Локација

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Рецензии

Ако сте биле тука, споделете го вашето искуство со другите патници.

Сè уште нема рецензии. Бидете први.

Разгледајте повеќе луѓе

Види ги сите

Истражете дестинации

од700 ден