Вкупно 4259 искуства од патници и гости

Ни откажаа резервација 5 дена пред пристигнување бидејќи “пукнала цевка од парно” а на нивниот инстаграм профил, објавуваат слободни термини за резервација, во истиот период кога требаше да пристигнеме, срамота.

12.01.2026 19:00

⭐⭐⭐⭐⭐ „Прекрасно искуство со вистинска македонска традиционална кујна. Атмосферата е топла и пријатна, со автентичен амбиент кој веднаш прави да се чувствуваш како дома. Храната е одлично подготвена, со богат домашен вкус и квалитетни состојки. Порциите се одлични, а услугата љубезна и професионална. Секако и цените се пристапни. Топло го препорачувам ресторанот и сигурно повторно ќе го посетам!“

08.01.2026 23:15

Новата Година ја пречекавме во ова преубаво место, прубави апартмани, односно цела куќа е преубава и уредена, а за газдите нема зборови што може да се искажат. Биле и Гоце се едни прекрасни луѓе кои зрачат со премногу добрина, љубов и позитивна енергија. Само пофални зборови.

05.01.2026 14:26

Марија Србаковска Вила во Крушево

Вилата е прекрасна!Домаќините ни обезбедија добар пречек со топли простории во овие зимски денови!Интериерот во вилата е совршен,снабдена со сите потребни работи за престој!☆☆☆☆☆

31.12.2025 23:11

Прекрасна вила, со преубава атмосфера за релаксирање. Пристапна е со автомобил, а внатре ги има сите услови кои би Ви биле потребни за престој. Чиста и уредна, а каминот дополнително допринесува во планинската идила. Домаќинот е прекрасен човек, достапен во секое време за било што и да е потребно. Топло ја препорачувам на секого!

21.12.2025 10:28